Што може да се очекува од разговорите меѓу Блинкен и Лавров во Женева, додека стравувањата од инвазија растат?

Блинкен и Лавров
Блинкен и Лавров / Фото: „Слободен печат“, Колаж

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Женева денеска ќе разговараат за зголемените стравувања дека Русија може да ја нападне Украина.

Блинкен ја предупреди Москва на сериозни последици доколку нејзините воени сили ја преминат границата, јавува Би-Би-Си.

Од друга страна руското Министерство за надворешни работи најави дека планот е да се разговара за нацртите на двата договори што Русија ги поднесе на 15 декември,

Истиот извор наведува и дека Лавров и Блинкен пред два дена веќе имале телефонски разговор и дека Лавров го повикал Блинкен „да не шири шпекулации за наводната претстојна руска агресија” во врска со ситуацијата во југоисточна Украина, туку да ги принуди властите во Киев целосно да го спроведат Договорите од Минск

Тензичните преговори околу Украина траеја осум часа /Фото: EPA-EFE/DENIS BALIBOUSE / POOL

Русија веќе концентрираше 120.000 војници на своите граници, но засега негира дека планира било каква инвазија . Рускиот претседател Владимир Путин инсистираше на тоа дека на Украина никогаш не треба да и се дозволи да влезе во НАТО.

Канадски војници  вакцинација / Фото:МИА

Тој, исто така, бара алијансата да се откаже од воените активности во Источна Европа.

Самитот меѓу највисоките американски и руски дипломати уследи по потегот на Блинкен да ја зајакне поддршката на американските сојузници за санкции против режимот на Путин.

По разговорите во Берлин со британските, француските и германските претставници, Блинкен во четвртокот предупреди дека доколку се дозволи руска инвазија на Украина „ќе го вовлече светот во многу поопасно и понестабилно време, така што заканата од општа војна би била над главата на сите“.

Во разговор со Блинкен, новата германска министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, вети итна реакција на секоја руска инвазија и не исклучи наметнувањето на мерки кои „може да имаат економски последици .

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас исто така го повика Путин „да се откаже и да се повлече од Украина пред да направи огромна стратешка грешка“ што би довело до страшна загуба на човечки животи.

Таа предупреди дека автократските нации се „охрабрени на начин каков што не сме виделе од Студената војна“.

Претходно оваа недела, Велика Британија објави дека обезбедува дополнителна обука и одбранбено оружје за Украина.

Британски војници  / фото: принтскрин Јутјуб

Влогот за овие разговори е огромен, но има малку очекувања дека тие ќе донесат напредок што ќе го ублажи ќор-сокакот во кој се наоѓаат светските сили околу Украина

Американците инсистираат на разговори за избегнување на војната во Украина. Русите пак сакаат да зборуваат за нивните барања НАТО да се повлече и да и дозволи на Москва да воспостави нова сфера на влијание низ Источна Европа.

Во меѓувреме, на теренот концентрацијата на руски војници и воена опрема продолжува, украинските сили одржуваат воени вежби, а западните држави им обезбедуваат воена помош.

Сепак, американските власти ги опишуваат разговорите како добра можност да се најде заеднички јазик.

Русите се согласија да дојдат, бидејќи претходно навестија дека дипломатијата е во ќорсокак.

И Ентони Блинкен и Сергеј Лавров изгледа се согласуваат дека имаат за многу што да разговараат. А се додека има дијалог има и шасни за избегнување на воен конфликт

Видео на денот