Што може да направите за време на 5 минутната пауза од учење?

Речиси секој студент знае колку е тешко да се најде мотивација за учење, соодветно време, желба и концентрација. Некој учи наутро, некој исклучиво навечер, некому пречи друштво и бучава, некому не. Но, едно нешто околу кое сите се согласуваат е дека кратките паузи за време на учењето се потребни за телото и умот. Што може да направиме за време на паузата, а при тоа да ја задржиме продуктивноста и континуитетот?

Колач во микро

Брз и едноставен начин за подготовка на десерт, без губење време – колач во микро.  Потребни состојки: 3 лажици сенаменско брашно, 2 лажици какао во прав, ¼ лажичка сода бикарбона, 2 лажици кафеав шеќер, 1 лажица бел шеќер, прстофат  сол, 3 лажици масло, 3 лажици полномасно млеко, ½ лажичка екстракт од ванила, 2 реда чоколадо – исечкано. Во голема шолја измешајте ги брашното, какао во прав, сода бикарбона, кафеавиот шеќер, белиот шеќер и сол. Додадете го маслото, млекото и екстрактот од ванила и измешајте додека не се соедини. Последен чекор се парчињата чоколадо. Печете во микро околу 2-3 минути.

Освежително смути за „energy boost

Неколку парчиња сезонско овошје, по некој зеленчук во комбинација со состојките што важат за „super foods“ како келераба, спанаќ, јаткасти плодови за освежување на телото, зголемување на концентрацијата и за спречување на чувство на екстремен глад, што потоа може да предизвика прејадување. Одлични додатоци за секое смути се мед, спирулина, чија семе, јогурт. Сѐ што ти треба, во една чаша!

Вежби за истегнување

Застанете свртени кон ѕидот, оддалечени околу еден чекор од истиот. Ставете ги рацете на ѕидот и навалете се на него, држејќи ги нозете исправени, притискајќи со петиците кон подот. Свртете се со грб на истата оддалеченост, стапалата раширени во ширина на рамениците. Спојте ги рацете над главата и подигнете ја нагоре, па потоа навалете се наназад, со цел да го допрете ѕидот зад вас. Застанете со стапалата во ширина на раменици, направете голем исчекор напред виткајќи го коленото на предната нога, а при тоа спуштајќи го коленото на задната нога, без да го допрете на подот. Направете го ова наизменично задржувајќи околу 30 секунди на секоја нога.

Платете сѐ што ви треба за на факултет од дома

Веќе нема потреба да се напушта удобноста на сопствениот дом, за да се плати уплатницата за колоквиум, казната за задоцнето пријавување, уплатницата за потпис, за упис на семестар, замена на предмет, ратата за семестар и слично, што можеби сте ги заборавиле или одложувале.

Халкбанк АД Скопје, банка која во континуитет настојува да ги усоврши своите услуги, нуди сервиси за е-банкарство и мобилно банкарство кои ви овозможуваат да ги извршите сите потреби во врска со платениот промет.

Електронското банкарство на Халк нуди увид во вашата моментална состојба на сметка, платежна картичка, увид во извршени трансакции, како и извршување на секаков вид уплата, режиски трошоци, уплата на сметка на буџетски корисник, директна уплата на други сметки. Во суштина, сѐ она што би го направиле во банка, но без чекање во редици, гужва, непотребно изложување на ризик и што е најважно, без да се прекинува континуитетот на учењето. Секоја уплата можете да ја извршите во заслужената 5 минутна пауза.

Покрај електронското, Халкбанк нуди и мобилно банкарство за уште полесен и побрз пристап до вашите сметки и средства. Платете во било кое време, префрлете средства на сметка, брзо и едноставно на уредот кој постојано е во рака или до тебе. Најавувањето на апликацијата се врши со корисничко име и лозинка кои се користат за најава на е-банкинг сервисот.

Извршете плаќање или било кој вид на трансфер на средства од удобноста на вашиот дом, кога и да посакате, без овие обврски да влијаат на квалитетот на учењето, преку услугите на Халк.

Важни се луѓето!


Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот