ШТО ЛИ ЌЕ МУ ПРАВИ? Хајди Клум се пофали што доби на подарок од сопругот

Profimedia

Манекенката Хајди Клум се пофали дека од 17 години помладиот сопруг на подарок добила парче од Берлинскиот ѕид.

„Денес ми стигна посебен подарок од маж ми. Дел од Берлинскиот ѕид кој го делеше Берлин цели 28 години. Тој е роден во источниот дел четири недели пред падот на ѕидот. Порасна во поинаква Германија, можеше да ја види слободата, радоста, креативноста, уметноста и надежта. Секое утро ќе го гледам ова парче во градината и ќе се потсетувам дека не треба да градам ѕидови“, напиша популарната Германка на Инстаграм.

Цената на парче од Берлинскиот ѕид, во зависност од графитот или натписот, чини меѓу 11 и 13 илјади евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот