Што ќе биде со Серија А доколку фудбалер се зарази со коронавирус?

twitter/SempreInter.com

Епидемијата на коронавирусот предизвика голема главоболка за италијанските власти во последните неколку дена и беше донесена одлука да се игра без публика.

Одлуката е веќе донесена, натпреварите од Серија А до 3. април ќе се играат пред празни трибини. Таа одлука вчера ја донесе италијанската влада.

Епидемијата на коронавирусот предизвика голема главоболка за италијанските власти во последните неколку дена, со што беше донесена одлука да се игра фудбал без публика во наредните недели.

На клубовите им беа дадени јасни упатства за тоа како да се реагираат во иднина, и доколку некој од играчите во Серија А биде заразен со коронавирус, натпреварувањето веднаш ќе биде прекинато.

– Клубовите и нивниот медицински персонал имаат должност да ги контролираат сите спортисти, тренери и директори и секој кој присуствува на натпреварите, за да се спречува ризикот од ширење на вирусот „Ковид19“ – се вели во владината наредба.

Овој викенд ќе бидат одиграни заостанатите мечеви од 26. коло во најсилното италијанско фудбалско првенство вклучувајќи го дербито Јувентус – Интер од 20:45 часот на стадионот „Алијанц“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот