Што кажува за вас изборот на омиленото кафе?

Фото: Архива

Многу луѓе не можат да си го замислат денот без да се напијат кафе, а дамите пак, го избираат својот омилен утрински пијалак внимателно како и дневниот аутфит.

Магазинот „Харперс базар“ открива што зборува за вас изборот на омиленото кафе:

Обично црно кафе

Оние кои сакаат домашно кафе се урбани личности со одмерен стил на облекување. Имаат парчиња облека во неутрални бои, кои најчесто ги комбинираат со црвени детали.

Се работи за жени со кои треба да бидете директни, бидејќи и тие нема да се двоумат да го кажат она што им е на ум.

Кафе со млеко

Ако во вашето кафе додавате и млеко, тоа значи дека се релаксирана и шик личност. Сакате да комбинирате кошули и фармерки со елегантни чевли и чанти.

Еспресо

Вие сте личност која каде и да отиде, доминира со својот препознатлив стил на облекување. Обрнувате многу внимание на деталите и сакате промени, што во моделите а што во боите кои ги носите.

Ладно кафе

Вие сте трендсетерка, која во својот плакар има актуелни парчиња облека и модни додатоци, бидејќи класиката ви е здодевна. Обожавате и да се фотографирате и да објавувате фотографии на Инстаграм.

Капучино

Вие сте класичен тип на жена, која сака да носи капути, но и бунди на кои никогаш не им мине модата. Сакате и модерни парчиња, но ги употребувате за да ги освежите класичните модни комбинации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот