Што кажува вашиот инстаграм-профил за вас?

Instagram

Повеќе од пола милијарда луѓе користат Инстаграм секојдневно, а едно истражување покажува дека дури 64 проценти од тие корисници направиле своја „интернет личност“ , алтернативна верзија на себе, која ја претставуваат само на социјалните мрежи.

Психолозите заклучиле дека нашите објави може да послужат како некој вид „психолошки тест“ кој може да открие многу нешта во врска со нашиот карактер. Стручњаците се согласуваат дека фотографиите кои највеќе сакаме да ги објавуваме, го отсликуваат аспектот од животот, кој го идеализираме и верзијата од нас која ја сметаме за совршена.

Без разлика на тоа дали поминувате часови позирајќи и безгрижно уредувајќи ги своите фотографии или пак само објавувате фотографија без размислување, вашиот профил на Инстаграм е прозорец кон вашата личност.

Пејзажи и знаменитости

Сите ние имаме барем по еден пријател кој кога ќе отиде некаде на патување има потреба да ги извести своите следбеници за сè што видел и посетил, наместо да ужива во моментот.

Психолозите веруваат дека таквите личности бараат потврда од најблиските. Фотографиите од пејзажи кажуваат дека на личноста која ги објавува сликите ѝ недостига секојдневна потврда, па ги објавува фотографиите кои на блиските луѓе им даваат до знаење дека е подобра од нив, дури и кога не е присутна.

Фотографиите од патување се суптилно прикажување на друштвениот статус и статусот на нивната сметка, а сигурно и кај некој следбеници ќе предизвикаат завист.

Селфи

Стручните лица веруваат дека личностите кои често објавуваат селфи фотографии, се обидуваат да ги импресионираат своите следбеници, бидејќи таквите фотографии се секогаш добро прифатени и подготвени.

https://www.instagram.com/p/B3oukDNhnwy/?utm_source=ig_embed

Никој не постира лошо селфи. Тие бараат внимателна шминка, бескрајно позирање додека не се погоди вистинскиот агол, филтри и совршено осветлување, а на вашите следбеници им порачуваат дека се „будите“ совршено убави.

Постигнувања

Кога објавуваме фотографии за „фалење“, како на пример каде што сме истрчале полумаратон или сме добиле 10-ка на многу тежок испит, тоа покажува дека ни е потребна награда за нашите достигнувања, па дури и тоа да е бројот на лајкови.

Луѓето кои објавуваат такви фотографии најчесто сакаат да прикажат дека постигнале нешто со леснотија и без многу труд, но во себе се желни за пофалба и „тапкање по рамо“.

Акција

Без разлика на тоа дали на фотографијата го прикажувате шетањето на вашето куче или скијањето на планина, со потенцирање на акцијата вие сакате да ја покажете вашата дружељубива и смела страна.

Психолозите кажуваат дека објавувањето на ваквите фотографии е нормално и здраво, но може да стане проблематично доколку нашата самодоверба зависи од бројот на лајкови кои ќе ги добие нашата фотографија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот