Што ја поттикна Тејлор Свифт да ѝ даде 30.000 долари на студентката Виторија Марио?

Instagram
Instagram

Доколку ја слушате нејзината музика, веќе би требало да ја знаете способноста која ја поседува Тејлор Свифт случајно да ви го разубави денот во овие мрачни времиња. Но, неодамна таа направи нешто неверојатно!

Поп-ѕвездата донираше 23.373 фунти (30.716 американски долари) на платформата GoFundMe за 18-годишната Виторија Марио од Велика Британија, која преку оваа платформа се обидуваше да собере финансии со кои би ги платила трошоците за студии.

„Добив понуда да студирам математика на престижниот универзитет Ворвик. Јас веќе имам постигнато ААББ на АС нивото а неодамна постигнав А*А*А на моите А-нивоа по математика, напредна математика и физика“, пишува Викторија на нејзиниот профил на GoFundMe.

Како и да е, сè уште сум во неизвесна позиција, не знам дали ќе можам да студирам на универзитетот поради моите околности. Живеам во Велика Британија веќе 4 години, откако мигрирав од Португалија за да живеам со моето семејство во Тотенхем. Социо-економските бариери ме спречуваат да земам зеам од банката, а тоа не се должи само на немањето „дом“, туку и на фактот дека моето семејство има ниски примања и не може да ми помогне да го финансирам студирањето сама.“

Со оглед на тоа дека не беше во можност да добие заем од студентската финансиска организација, Марио се обиде да собере 40.000 фунти со цел да ги покрие трошоците за сместување, храна и материјали за четиригодишните студии. Но, по дваесет дена, таа сè уште не успеваше да стигне ни до половина пат од целта. Сѐ додека оваа инспиративна приказна не допре до Тејлор Свифт.

Виторија, наидов на твојата приказна онлајн и многу се инспирирав од твојот порив и посветеност да ги претвориш твоите соништа во реалност. Сакам да ти го подарам остатокот средства од твојата цел. Среќно со сè што правиш! Со љубов, Тејлор“

По споделувањето на оваа информација во јавноста, страницата на Виторија ја помина целта, а вкупната сума моментално изнесува 42.673 фунти. А нови донации пристигнуваат постојано.

Едноставно не знам што да кажам или што чувствувам! Бог е добар… Секако морам да ѝ се заблагодарам на Тејлор Свифт што донираше повеќе од 23 илјади фунти за мојата кампања. Јас немаше да ја достигнам целта толку брзо без тебе!“, напиша Викторија Марио.

Ова не е прв пат Тејлор Свифт да донира онлајн. Само пред неколку месеци, голем број нејзини обожаватели кои молеа за помош за време на коронавирусот, добија донации од 3.000 американски долари од пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот