Што ја обои водата во реката Серава?

Ги охрабруваме граѓаните да продолжат да пријавуваат дејствија кои го нарушуваат здравјето и животната средина, затоа што целта ни е заедничка, стои во соопштението.

Дежурната екипа на Државниот инспекторат за животна средина, во координација со овластен инспектор за животна средина од Општина Карпош се излезени на терен и вршат вонреден инспекциски надзор при што ќе се констатира фактичката состојба на терен откако во утринските часови од страна на граѓани било пријавено загадување во реката Серава Карпош.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопштија дека подетални информации по однос на инцидентот ќе споделат по доставениот Извештај за вонредниот инспекциски надзор од дежурните екипи.

– Ги охрабруваме граѓаните да продолжат да пријавуваат дејствија кои го нарушуваат здравјето и животната средина, затоа што целта ни е заедничка, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот