Што ја навреди Кина? Првиот филм за азиски суперхерој „Шенг-чи и легендата за десетте прстени“ се соочува со можна забрана

Официјалниот постер за „Шенг-чи и легендата за десетте прстени“ / Малезискиот актер Рони Чиенг и актерката Шери Кола на премиерата за филмот во El Captain театарот во Холивуд, Калифорнија, САД / Колаж: СП, Фото: ЕПА

Поради моменталната политичка клима на нацијата, видеото со „навредлива“ содржина каде што актерот Симу Лиу „ја навредува Кина“, ја отвора можноста земјата да го забрани филмот, што понатаму би можело да ја загрози неговата иднина.

По успешната американска премиера на првиот филм за азиски суперхерој на „Марвел“,„Шенг-чи и легендата за десетте прстени“ сега се соочува со можна забрана во Кина.

Иако сè уште не постојат никакви информации за тоа дали и кога филмот би заиграл во кинеските киносали, веројатноста дека тоа ќе се случи станува сè помала откако корисници на џингоистички социјални мрежи пронајдоа содржина со кинеско-канадскиот актер Симу Лиу, кој ја толкува главната улога во филмот, каде што тој „ја навредува Кина“.

Според филмскиот сајт „Вараети“, поради моменталната политичка клима на нацијата, ова ја отвора можноста Кина да го забрани филмот поради „перципирани навреди“, што понатаму би можело да ја загрози неговата иднината.

Ова се случува во еден чувствителен период кога ѕвезди родени во Кина со странски пасоши се соочуваат со остри критики поради тоа што профитираат во земјата додека имаат странско државјанство. Симу Лиу е роден во Харбин (Хејлунгчанг, Кина), но има канадско државјанство што ги поттикна националистите да го означат како „предавник“ на татковината.

Што ја навреди Кина?

Содржината што беше означена како навредлива, всушност е видео објавено од магазинот за мажи „ЏиКју“ („Џентелменс Кортерли“), во кое актерот Лиу зборува за своите омилени азиски закуски, со акцент на пијалакот од чај од лимон. Станува збор за производ на хонгконшката фирма за пијалаци „Витасој“, компанијата што неодамна беше бојкотирана од голем број кинески државјани, кои ја сметаат за „антикинеска“.

Сепак, според изјавата на „Вараети“, неколку кинески гледачи што имале можност да го погледнат „Шенг-чи и легендата за десетте прстени“ во странство, велат дека филмот е „неочекувано добар“, наедно посочувајќи дека во него не забележале ништо навредливо кон Кина, за разлика од играната адаптација на „Мулан“.

Од моментот кога беше најавен, на 3 септември, па сè досега, „Шенг-чи и легендата за десетте прстени“ заработи повеќе од 146 милиони американски долари во Северна Америка. Се очекува да стане првиот филм што ќе ја надмине границата од 200 милиони долари од почетокот на пандемијата минатиот март.

Видео на денот