Што ја чека руската економија?

Ненадејната промена создава одредена неизвесност во економската политика.

Промената на руската влада создава одредена неизвесност во економските политики на земјата.

Сепак, новиот кабинет ќе продолжи со генералната насока на политиката на претходната влада, се вели во коментарот на рејтинг-агенцијата „Мудиз“.

– Ненадејната промена создава одредена неизвесност во економската политика. Сепак, изјавите на претседателот и новиот премиер сугерираат дека владата ќе ја продолжи политиката на претходната со цел подобрување на економскиот раст и социјалните индикатори додека одржува широка макроекономска стабилност“, се вели во документот.

Аналитичарите очекуваат дека приоритетните области на работа во минатото на владата ќе останат, особено на спроведувањето на 13-те национални проекти презентирани во 2018 година.

Агенцијата не предвидува слабеење на финансиската позиција на Русија затоа што земјата има доволно средства за финансирање на своите трошоци.

„Мудиз“ забележува и ниско ниво на државен долг на Руската Федерација во однос на другите земји.

Агенцијата ја задржа 1,5 процентна прогноза за растот на БДП-то на Русија во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот