Што им оставил принцот Филип на своите наследници?

Instagram

Иако богатството на принцот Филип не е најголемо во кралското семејство, тој сепак успеал да собере значителна сума за време на неговиот живот. По неговата смрт, неговото богатство било проценето на неверојатни 11,5 милиони евра.

Како што пренесуваат странските медиуми, наскоро би требало да се покрене постапка за делење на неговото наследство.

EPA-EFE
EPA-EFE/KAREL PRINSLOO

Според експертите за кралското семејство, најголемиот дел од неговото богатство, проценето на 11,5 милиони евра, ќе заврши на сметката на кралицата Елизабета Втора, но она што фасцинираше многумина е начинот на кој принцот го стекнал сето ова.

По смртта на неговиот татко, Андреј од Грција и Данска, принцот Филип наследил некои вредни предмети, вклучително и златен прстен со печат. Но, во моментот кога првпат ја запознал својата идна сопруга, принцезата Елизабета, Филип бил само поручник во Кралската морнарица.

Секако, сè се сменило во моментот кога тој станал член на британското кралско семејство. Кога се сретнал со сликарот Едвард Сиго, кој го научил да слика, тој станал добар познавач, но и колекционер на уметности. Се проценува дека во неговата богата колекција принцот Филип имал околу 2.000 уметнички дела, од кои некои достигнуваат цена до 55 илјади евра.

EPA - EFE
EPA – EFE

Покрај богатата колекција на слики, принцот Филип имал уште поголема колекција на книги, околу 13.000 примероци, проценети на неколку милиони евра. Филип добивал и парламентарна пензија од 400 илјади евра годишно, како и приходи од разни инвестиции и донации што ги добивал од неговите колекции.

Засега се знае само дека од целото негово наследство неговата внука Лејди Луиз ќе наследи две пони коњчиња и кочија, поради заедничката страст што таа и нејзиниот дедо ја делеле кон овие животни.

Од 1910 година, кралското семејство го следи правилото дека деталите за тестаментот не стигнуваат до јавноста, но ова не е официјална одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот