Што го одбележа македонскиот спорт во 2019 година?

Почетокот на годината традиционално е резервиран за машката ракометна репрезентација и нејзниот сега веќе традиционален настап на ЕП или СП.

Овој пат на програмата беше СП кое се играше во Данска и во Германија каде ракометарите на крајот го освоија разочарувачкото 15. место.

Фото: РФМ

По завршувањето на ракометниот Мундијал,Роберто Гарсија Парондо си поднесе оставка од селекторската функција, а на негово место дојде Данило Брестовац.

Резултати на Македонија на СП:

Групна фаза

Македонија – Јапонија 38:29

Македонија – Бахреин 28:23

Македонија – Хрватска 22:31

Македонија – Шпанија 21:32

Македонија – Исланд 22:24

Натпревари за пласман од 13-16 место

Македонија – Русија 28:30

Македонија – Чиле 32:30

Во април, Вардар по петти пат триумфира во СЕХА лигата откако во финалето на фајналфор турнирот го победи Загреб со 26:23.

фото: СЕХА Лига

Ракометарите на Вардар во јуни го направија спортскиот подвиг на годината, по втор пат ја триумфираа на завршниот фајналфор турнир во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ во полуфиналето со чудесен пресврт ја совлдаа фаворизираната Барселона со 29:27, додека во финалето беше совладан Веспрем со 27:24.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Веднаш по освојувањето на европската титула, беа разрешени сите дилеми, Вардар не се распадна како се шпекулираше, главниот спонзор Сергеј Самсоненко одлучи да не го остава на цедило европскиот шампион.

Ракометната репрезентација на Македонија по шести пат обезбеди пласман на Европските првенства. Ракометарите го освоија првото место во групата 3 и по петти пат едноподруго ќе играат на континенталниот собир.

Екипата на Работнички по 10. пат триумфира во кошаркарскиот куп на Македонија. Тимот од Градскиот парк во финалето со 85:71 ја победи Блокотехна.

МЗТ Скопје не успеа да се пласира во АБА лигата. „Металците“ прво во финалето на плејофот од АБА2 лигата загубија со 0:3 од Приморска, а потоа во бараж-серијата Задар триумфира со 2:1 во победи и остана во АБА лигата.

Еден од најдобрите македонски кошаркари во историјата, Перо Антиќ на 15 мај стана нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, наследувајќи уште една легенда, Петар Наумоски.

фото: МКФ

Тоа што го испушти во АБА, МЗТ Скопје го надополни во домашното првенство каде по седми пат е шампион. „Металците“ во финалето на плејофот беа подобри од вечниот ривал Работнички со 3:0 во победи.

mztskopjeaerodrom

Пред крајот на годината, Александар Тодоров е именуван за нов селектор на сениорската репрезентација. Доаѓа на местото на Јорданчо Давитков на кого не му беше продолжен договорот

Љубомир Спасиќ – прв македонски кајакар кој го освои Европскиот куп!

Љубомир Спасиќ првопласиран во генералниот пласман во Европскиот куп (спуст на диви води) во конкуренција на над 200 кајакари од 17 земји со освоени 333 бодови.

Емил Павлов – европска бронза и злато од карате Премиер лигата во Москва!

Емил Павлов во малото финале на ЕП во Шпанија со 3:2 го совлада Флорин Гоголоси од Романија, негов четврти медал од сениорски европски првенства, а се закити со злато на силната Премиер лига во Москва.

Јасин Љама имаше одличен настап на традиционалната спортската боксерска манифестација „Златен гонг“ која се одржува изминативе 50 години. Во финалната борба со технички нокаут триумфираше против Вас Норберт од Романија.

За првпат една одбојкарска сениорска репрезентација настапи на ЕП. Нашите најдобри одбојкари забележаа две победи над Словенија, која подоцна го освои сребрениот медал и Белорусија. Три порази од Русија, Финска и Турција за на крај да го освоиме 17 место од 24 селекции.

cev.eu

Могамедгаџи Нуров – борачот кој прв обезбеди олимписка норма за Токио 2020

Могамедгаџи Нуров е првиот кој обезбеди олимписка норма за учество на Летните олимписки игри во Токио 2020 година. Тоа го направи после освојувањето на бронзата на Светското првенство во Казахстан и победата над домашниот натпреварувач Николај Чебдан (2:1).

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Бесир Алили – „Златното“ момче од Европското првенство во Фиренца

Бесир Алили, младиот и талентиран борач Бесир Алили од ЕП во борење за кадети што се одржа во Фиренца (Италија) се врати со златен медал. Во финалето со 7:6 го совлада ерменскиот борач, Харутјун Хованисјан.

Владимир Егоров освои бронзен медал во категоријата до 57 килограми на Европското првенство во борење во Романија.  Со т.н. туш го совлада Андреј Дуков од Романија.

facebook.com/mariangela.allegretti

Евгениј Поп Ацев – трета светска титула во маратонско пливање

Евгениј Поп Ацев го повтори успехот од 2015 и 2017 година. Нашиот маратонец годинава се закити со титулата светски шампион во ФИНА серијата на ултрамаратони со освоени 356 бодови.

Муамед Сејдини на редовното генерално собрание во март беше прогласен за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Игор Ангеловски – ФФМ во мај ја продолжи соработката со досегашниот селектор на сениорите до декември 2020 година.

фото: ФФМ

Ивана Пројковска – Најдобрата македонска судијка делеше правда на финалето од ЕП за фудбалерки до 19 години помеѓу Франција и Германија (2:1).

Шкендија по третпат шампион, куп трофејот за Академија Пандев

Во натпреварувачката сезона 2018/19 во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија го освои првото место со 79 бодови, пред Вардар со 64. Тетовските „црвено-црни“ на тој начин ја одбранија титулата во шампионатот, вкупно трета во нивната клупска историја.

фото: фејсбук

Катастрофално лето за македонските фудбалски клубови во Европа

  1. квалификациско коло на Лигата на шампионите

Шкендија-Номе Калју (Естонија) 1:2/1:0

  1. квалификациско коло на Лига Европа

Академија Пандев-Зрињски Мостар (БиХ) 0:3/0:3
Македонија ЃП-Алашкерт (Ерменија) 1:3/0:3
Шкупи-Пјуник (Ерменија) 1:2/3:3

  1. квалификациско коло на Лига Европа

Шкендија-Дуделанж (Луксембург) 1:2/1:1

Збогатена македонската „колонија“ во Топ 5 европските фудбалски лиги

Елиф Елмас (Фенербахче – Наполи, Серија А)
Илија Несторовски (Палермо – Удинезе, Серија А)
Александар Трајковски (Палермо – Мајорка, Ла Лига)
Влатко Стојановски (Ренова – Ним, Лига 1)

Преку Лигата на нации бркаме историско учество на Евро 2020

Годинава го дознавме и противникот во полуфиналето од плејофот, во Скопје на 26 март силите ќе ги одмериме против Косово, а ждрепката одлучи евентуалното финале да го играме на гостински терен 31 март против Грузија или Белорусија.

фото:ффм

Остваривме најдобар пласман во еден квалификациски циклус

Поразите од Полска и Австрија беа „пресудни“ во квалификациите за ЕП 2020. Двапати бевме подобри од Летонија, по еднаш триумфиравме и ремизиравме во дуелите со Словенија и Израел за освојување на третата позиција, што е досега наш најдобар пласман во едни квалификации.

Македонија ги дозна ривалите во група, доколку игра на ЕП 2020

Нашата најдобра репрезентација се најде во групата „Ц“ со Холандија, Украина и Австрија, но во оваа конкуренција ќе бидеме само доколку Романија, еден од домаќините на ЕП 2020 не обезбеди пласман на континенталниот собир преку Лига на Нации. Доколку Романија се пласира на Европското првенство, тогаш Македонија ќе биде во најсилната група „Ф“ со Германија, Франција и Португалија.

„Дијамантот“ Елиф Елмас е најдобар репрезент на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот