Што ги спои СДСМ и Беса? Се пишува заедничка програма

Фото: Слободен печат/Драган Митровски

Економијата и домашните реформи, се главните причини зошто СДСМ и Беса се во коалиција. Станува збор за економска коалиција која знае дека во наредниот период најпрво ќе треба да се зафати со економијата и со реформите во судство, здравство, образованието. Заедничката коалиција се и темели и врз изградбата на автопатот Скопје – Блаце, и автопатот Арбен Џафери, но и одговорност насекаде, соодветно на застапеноста, рече денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев.

– Се работи за вредносна коалиција. Среќен сум што луѓето од Беса веруваат во исти вредности заедно со СДСМ. Во моментот се пишува програмата каде се прави сублимат или фузирање на нашите програми. Но Декларацијата која вчера ја потпишавме е темелот за идната програма. Врз тие вредности се создава заедничката изборна програма на новата коалиција – рече Заев.

Заев посочи дека создавањето на мултиетничка коалиција предводена од мултиетничка партија како што е СДСМ е историски момент.

-На крајот на денот зарем не е почесно пред граѓаните да излеземе со понуда уште од сега. Знаете како беше едно ветуваше ВМРО-ДПМНЕ, друго ДУИ и на крајот не важи ништо зашто требаше да се договори влада. Сега имаме почесна понуда. Денеска албанските политички партии партиципираат во коалиција со заедничка програма тоа е фер понуда и уште една причина зошто таа коалиција да биде изгласана – рече Заев.

На ДУИ му порача дека и покрај заедничките стратешки одлуки за НАТО и ЕУ, Договорите со Грција и Бугарија и многу економски мерки, имале и слабости. На Ахмети му порача да ја реформира партијата во правец на почитување на правната држава.

– Јас очекувам да ми се каже што СДСМ треба да менува за партијата да се подобри, така очекувам да има промени и во ДУИ. Вчера го кажав дури и конкретниот пример со Блерим Беџети. Кога разговарате на основа на правни тимови најмалку очекувате дека сите сакаат да покажат дека правната држава значи ефикасност и ефективност во одлучувањето. Ајде да одлучуваме, треба да ја испратиме пораката дека треба да се одлучува. Не може да се пролонгираат предметите – рече Заев.

Според Заев, сега СДСМ-Беса, но и ДУИ таргетираат исти гласачи. Ги отфрли обвинувањата дека Беса ги претопува гласовите на албанците. Заедно настапивме и на локалните и на претседателските избори. Ги претопивме – Не, вели Заев.

– Еве денес сме во коалиција со Беса. Секој си има свој индивидуален идентитет како политички субјект, а сите заедно здружен го претставуваме колективниот идентитет на политичкиот субјект кој аплицира за гласовите и поддршката на нашиот народ. Но убавината кај нас е многу поразлична од другите, успеавме да се надминеме и да прифатиме ризици поради државата, не беше лесно да се зборува на 17 мај на големиот митинг да зборувате за едно општество за сите – рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот