Овие работи не можат да ги поднесат – Еве што може да го изнервира секој хороскопски знак!

Секој човек нешто го нервира и може да го извади од такт. Ова се работите кои не можат да ги поднесат хороскопските знаци.

Овен

Овните најчесто ги нервираат ситници, како сообраќаен метеж или долг ред во супермаркет. Знаат и да збеснат, но брзо се смируваат.

Бик

Бикот го нервира недостаток на секс, брзање, лошиот вкус кај другите луѓе и непознавање на општите правила на однесување. Ги нервира и несигурна финансиска состојба.

Близнаци

Близнаците не трпат арогантни луѓе, како и песимистички личности со ограничени ставови и луѓе кои немаат смисла за хумор. Не сакаат кога некој ги прекинува или кога се наоѓаат во ситуација во која мораат да ќутат.

Рак

Не сакаат кога се гладни, кога им е топло или ладно и кога се неудобно облечени. Не сакаат провокации, неправди и неблагодарност. Ги нервира кога некој не го почитува нивното мислење.

Лав

Лавовите ги нервира дебелина, работа за време на големи горештини и недостаток на пари за луксузирање. Ги нервираат и моменти во кои тие излегуваат понеспособни од некој друг.

Девица

Девиците ги нервира неред, каснење, невозвраќање на телефонски повици, луѓе кои постојано се жалат и кога некој друг ја плаќа сметката. Многу се нервираат кога мораат да прават промени во нивниот распоред.

Вага

Не сакаат кога некој им вика или кога некој се однесува спрема нив без почит. Од такт ги вади дури и помислата дека не можат да го изразат своето мислење, а незадоволството од својот изглед може да ги излуди.

Скорпија

Не сакаат луѓе кои позајмуваат нешто, а потоа не го враќаат. Не сакаат луѓе кои шират лаги за нив, а не сакаат ни тајни.

Стрелец

Не сакаат лаги, приговарање и луѓе кои се обидуваат да им го контролираат животот. Не сакаат да седат дома и ги нервира кога немаат можност да уживаат во своето хоби.

Јарец

Не сака несоодветно однесување на други луѓе, друштво кое не им се допаѓа, како и трошење премногу пари. Исто така, ги нервира ако некој близок не им верува.

Водолија

Не сакаат ситуации во кои мораат да се однесуваат како што е побарано од нив, а не како што сакаат или кога некој им замерува за тоа што го носат. Најмногу ги нервира кога ќе ги изневери партнерот или некој близок.

Риби

Не сакаат сарказам и провокации. Ги нервира ако луѓето не го ценат нивниот труд. Не си ја сакаат својата постојана желба за благо, мразат доцни ноќни повици и барање место за паркинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот