Што е тоа што го побара Хашим Тачи од Јапонците? (ФОТО)

Фејсбук

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, во рамките на неколкудневната посета во Јапонија, реализираше средба и со тамошниот премиер, Шинзо Абе.

Преку постирање на социјалните мрежи Тачи рече дека средбата била продуктивна, но и дека разговарале за преземање на конкретни чекори за да се зацврстат врските меѓу двете држави. Но косовскиот претседател упатил и барање до Јапонците.

– Му се заблагодарив на премиерот Абе за поддршката што Јапонија и ја даде на Косово, особено во фазата на градење на државата, градењето институции, во областа на медиумите, здравството, образованието, културата и животната средина. Исклучително е добра вест дека Јапонија го зголемува своето присуство во регионот на Западен Балкан, додека иницијативата на премиерот Абе за соработка со Западен Балкан е многу охрабрувачка. Веќе имаме јапонски инвеститори во Косово и побаравме повеќе од нив да дојдат во нашата земја. Ние ветивме дека ќе создадеме деловен парк за јапонските бизниси”, изјавил Тачи преку социјалната мрежа Фејсбук.

Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот