ШТО Е СЛЕДНО ЗА КУРДИТЕ: Владата на Сирија ги повикува во нивните редови, САД им го свртеa грбот, а Турција подготвува офанзива

Границата меѓу Турција и Сирија/Профимедиа

Сирискиот заменик министер за надворешни работи Фејсал Мекдад денеска ги повика сириските Курди да преминат на страната на Владата во Дамаск.

Тој ги повика Курдите да и се придружат на сириската Влада, а не да се „фрлат во бездна”.

– Татковината срдечно ќе ги прими сите свои синови и Владата во Дамаск ќе ги реши сите проблеми во земјата на позитивен начин, без насилство – посочи Мекдад.

Изјавата на Мекдад е прва официјална реалкција од Сирија по одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да ги повлече американските трупи од североисточниот дел на Сирија.

Тој исто така додаде дека Сирија ќе ја брани целата своја територија и нема да прифати никаква окупација.

Одлуката на Трамп ги налути сириските Курди, бидејќи тоа значи губење на автономијата со која се стекнаа за време на војната во Сирија.

Американските сили вчера почнаа да се повлекуваат од североисточниот дел на Сирија. Курдските борци го обвинија Вашингтон за непочитување на своите обврски кон клучните сојузници и наведоа дека тоа ќе ги поништи достигнувањата во последните пет години во борбата против ИД.

Турција во повеќе наврати се закани дека ако не биде формирана безбедносна зона долж границата со Сирија, за што беше постигнат договор со САД, ќе изврши инвазија врз североисточниот дел на соседната земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот