Што е скандинавски метод на спиење? Може значително да влијае на подобар сон

Фото: Профимедиа

Паровите што живеат во ист дом најчесто спијат во ист кревет, а истражувањата покажуваат дека тие најчесто имаат тенденција да уживаат во значително подобар сон , односно подолг и постабилен РЕМ спиење.

Меѓутоа, многумина не се усогласлени, па спиењето со партнерот во ист кревет може да биде тешко.

‘Рчењето, вртењето, влечењето и држењето на покривачот на едната страна на креветото може да доведат до проблеми со спиењето, а може да влијае и на вашата врска.

Меѓутоа, постои еден начин да го решите овој проблем, а тој се нарекува скандинавски метод на спиење.

Што е скандинавски метод на спиење?

Основниот концепт на овој метод е дека партнерите спијат во ист кревет, но да не делат една прекривка. Наместо тоа, секој добива своја прекривка.

Постои еден начин на решавање на овој проблем, а тој се нарекува скандинавски метод на спиење.

Основниот концепт на овој метод е партнерите да спијат во ист кревет, но не делат една прекривка. Наместо тоа, секој добива своја прекривка.

Зошто одвоената прекривка е ефикасен трик?

Истражувањата откриле дека спиењето во ист кревет со партнерот и притоа делењето на прекривката може да доведе до 30 отсто повеќе прекини во сонот, пишува Real Simple.

Колку повеќе можности за нарушување во сонот има во вашета средина (амбиентална светлина, бучава, движења), толку е поголема веројатноста дека лошо ќе спиете. Прекинувањата на сонот може да влијаат на расположението, да ја зголемат сонливоста во текот на денот, да го нарушат физичкото и когнитивното функционирање.

Делењето на прекривката, исто така, може да влијае и врз температурата, што игра голема улога во тоа колку добро спиете. наруши сонот. Ако ви стане топло, вашето тело ќе има проблеми со спиењето. Бидејќи многу парови имаат различни преференции за температурата на спиењето, па користењето одвоени прекривки може да му помогне на секој партнер во креветот да создаде опкружување кое му годи и на тој начин да го реши овој проблем.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот