Што е подобро: Дали да консумирате цел плод или свежо цеден сок?

Unsplash
Unsplash

Денес многу актуелно е да се прави смути или свежо цеден сок, особено ако сте на диета. Се прават брзо и овозможуваат детоксикација на организмот. Но, дали е подобро да ги консумирате плодовите во таква форма или да ги јадете цели?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Smoothies Tips (@smoothies2fatlosss)

Двете опции имаат свои позитивни и негативни страни. Свежите сокови имаат висока концентрација на важни хранливи состојки и колку и да се чини неверојатно, тие се многу поволни за здравјето. Но, истовремено при цедење на соковите доаѓа до намалување на квалитетот на антиоксидантите и фитонутриентите, затоа што при допир со воздух доаѓа до процес на оксидација. За да се намали оваа загуба препорачливо е сокот да се пие веднаш по цедењето, најдоцна 15 минути по подготовката.

Некои сокови предизвикуваат раздразнување на цревата и на желудникот, поради содржината на лимонова киселина, па не е добро да се консумираат на гладно. Поголемата количина фруктоза во свежиот сок може да му наштети на црниот дроб и да предизвика наталожување на мастите.

Во соковите нема пулпа, кора или семки од плодот, во кои се содржат многу полезни материи. Месото од плодот е главно депо на влакна, кои се важни за целокупното здравје. Па кога подготвувате сок се откажувате од ваквите корисни материи.


Консумирањето плодови вклучува и процес на џвакање што бара енергија и го засилува чувството на ситост. При варење на храната, хранливите материи се апсорбираат побавно. Додека кога пиете сок, тоа се одвива многу побрзо. Бидејќи не се троши енергија, која се добива во високи дози, сокот е високоенергетска храна што не заситува. Вишокот калории веднаш оди во резервата од маснотии.

Затоа свежо цедениот сок во разумни дози е полезен, но не е подобар од свежиот плод. Секогаш претпочитајте да јадете свежи овошја или зеленчуци, а повремено можете да се почестите со цеден сок или смути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот