Што е ковидиот и како да го препознаете, нов термин се прошири на социјалните мрежи

pixabay

Без навреди, но сигурно и вие познавате некој ковидиот.

Ако во периодот на забрзано ширење на коронавирусот и здравствената препорака за самоизолација, вие или некој од вашата близина упорно се прави мангуп и „си тера по свое“, е тогаш не се чудите ако зад грб, или можеби право в лице го наречат ковидиот.

Јасно ви е за што зборуваме, нели?

Во најпознатиот онлајн-речник Urban Dictionary е додаден и терминот ковидиот. Претпоставувате зошто и овој термин се најде во овој речник кој е секогаш во чекор со трендовите? Бидејќи терминот ковидиот сè повеќе се користи во последниов период. А важи за луѓе кои одбиваат да останат во самоизолација и се движат кога сакаат и каде сакаат, и тоа без никаква заштита.

И на Твитер од неодамна постои хаштаг ковидиот. Таму ќе забележите дека терминов е многу актуелен. А ние веруваме дека ќе ви се отворат очите и дека ќе „соберете“ по некој совет, пред да го „соберете“ вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот