Што е енцефалитис што го пренесува крлежот и кои се симптомите на овој вирус?

Фото: Профимедиа

Вирусот на енцефалитис што го пренесува крлежот (TBEV) може да предизвика менингитис и е чест во многу делови од светот.

Во прашање е вирус кој го пренесуваат крлежи. Тие се мали инсекти кои цицаат крв и имаат тенденција да престојуваат во долга трева, урбани паркови и градини.

Крлежите живеат и на кожата на животните, хранејќи се со нивната крв, но можат да се најдат и на кожата на луѓето.

Крлежите можат да останат неколку дена, хранејќи се со човечка или животинска крв, се додека домаќинот не ги исчисти или додека не паднат кога ќе се наполнат со крв, пишува „Скај њуз“.

TBEV може да се пренесе со каснување од заразен крлеж или со консумирање непастеризирани млечни производи од заразени кози, овци или крави.

Симптоми

Луѓето заразени со TBEV доживуваат симптоми слични на грип како што се чувство на топлина и студ, главоболки, болки во мускулите и гадење.

Тешките симптоми на TBEV вклучуваат:

– вкочанет врат

– болка при гледање во силни светла

– напади

– ненадејна конфузија

– слабост

Други инфекции предизвикани од крлежи

Крлежите можат да предизвикаат и други инфекции како Лајмска болест.

Лајмската болест е бактериска инфекција која може да се пренесе на луѓето по каснување од крлеж.

Симптомите на Лајмската болест може да се развијат во рана фаза, тоа може да биде од една до четири недели по каснувањето и може да се појават помеѓу три до 30 дена по изложувањето.

Симптоми на Лајмска болест во раната фаза:

– треска

– болки во зглобовите

– замор

– главоболка

– осип

Ако Лајмската болест не се лекува, може да се развијат посериозни симптоми, а тоа го вклучува следново:

– оток во зглобовите

– проблеми кои можат да влијаат на нервниот систем

– менингитис

– губење на меморијата

– проблеми со концентрацијата

– Белова парализа – состојба која предизвикува привремена слабост или недостаток на движење и ја зафаќа едната страна од лицето.

Дали Лајмската болест и ТБЕВ може ли да се лекуваат?

Општите лекари може да препорачаат антибиотици за Лајмска болест, при што повеќето луѓе се чувствуваат подобро со текот на времето.

Оние со потешки симптоми може да бидат испратени во болница за да може да се дадат антибиотици интравенозно.

Во меѓувреме, луѓето можат да се вакцинираат против ТБЕВ. На луѓето исто така им се советува да го сторат тоа ако патуваат во земја каде што инфекцијата е вообичаена.

Две дози од вакцината помагаат да се развие заштита од вирусот околу една година, а третата инјекција може да помогне во заштитата од вирусот околу три години.

НХС (Националната здравствена служба во Велика Британија) вели дека ризикот од сериозно заболување од вирусот е мал, но ги повикува оние со тешки симптоми, како што е напад, да побараат итна помош.

Како да избегнете каснување од крлеж?

НХС вели дека најдобриот начин да се избегне ова би било да ја покриете вашата кожа кога сте на отворено и „да ги вовлечете панталоните во чорапи или длабоки чевли или патики“.

Друг метод би бил да користите средство за заштита од инсекти на вашата кожа и облека – ДЕЕТ, хемиско соединение кое се наоѓа во репелентите може да помогне во тоа.

Се советува да се држите до патеките секогаш кога е можно кога шетате во вашата градина или локален парк за да избегнете каснување од крлежи.

За полесно да го лоцирате крлежот, исто така, се советува да носите облека со светла боја. Откако ќе ги забележите, можете лесно да ги отстраните од вашата гардероба и да спречите да навлезат во вашата кожа.

Со цел крлежите безбедно да ги отстраните ако се на вашата кожа, најдобро е да се консултирате со лекар за да бидете сигурни дека сите делови од крлежот се отстранети.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот