Што е душевен секс?

unsplash

Душевниот секс е проширување на нашиот концепт на водење љубов. Тоа е гледање на сексот како холистичко искуство, наместо само физичко и емоционално, искористувајќи ги целосните, моќни придобивки на ниво на ум, тело и душа – одеднаш.

Едноставно треба се отворите за доживување на сексот како „спојување“ на две лица, за да уживате во самото задоволство, додека длабоко се поврзувате со моќниот духовен аспект пред да почне да се развива самиот сексуален чин.

Душевниот секс (исто така познат како духовен секс) може да биде телесен, див, спонтан, па дури и „валкан“ – станува збор за целосна присутност со себе си и вашиот партнер.

Многу често луѓето ја трошат моќта на сексот со затворање на очите, фокусирање единствено на задоволството на партнерот или повлекувањето во сопствениот свет на фантазии.

Како и да е, доколку имате некој покрај себе, тој некој има потенцијал да ве приближи до најдлабокиот дел од себе, каде што е сместена вашата креативност, моќ и душа.

Можете да пристапите до тој дел од вас, да се „допрете“ себе, како и правилно да се поврзете со оној со кој имате секс, давајќи му на самиот чин димензија и цел.

Душевниот секс е дефиниција за присутност во моментот на интимност со друга личност. Обид да се прилагодите на вашата еротика и емоции. Душевниот секс може да се случи додека разговарате, може да биде говорен и неизговорен.

Сексот станува хранлив, без оглед дали сте „сингл“ или во долга врска. Само така, може да го изгубите потенцијалниот негативен „багаж“ поврзан со сексот како што се празнината, борбите за доминација, стравови, соочување со ранливост, изолација и понекогаш срам. Наместо тоа, одзумирајте и препуштете се на сензуалноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот