Што е диета ДУКАН и КАКО ДА ЈА „ДРЖИМЕ“ многу ефикасно

диета

„Дукан“ диетата, омилена меѓу ѕвездите, има четири фази, но лесна е за „држење„. Пробајте ја и вие.

Прва фаза

Времето на траење на првата фаза е најмалку една недела, а најмногу десет дена, и за тој период би требало да се изгубат првите 3 килограми.

Задолжителен дел на првата фаза се протеините. Пилешко месо, месо од мисирка, јајца, риба, морски плодови, соја. Количеството не им е ограничено, но во текот на денот задолжително е консумирање литар и пол вода и пешачење 20 минути. Од сокови и алкохол не е дозволено ништо, освен неконзервиран сок од домати. Не се дозволени ни тестенини, леб, ориз, грашок, грав, компир. Не се дозволени ни салати ни зеленчук, а препорачливо е да се избегнува свинското месо. Консумирањето шеќери мора да се сведе на нула, а задолжително е дневно внесување една супена лажичка овесни житарки.

Втора фаза

Втората фаза се држи сè додека не се постигне саканата тежина, а на секои три дена се слабее по половина килограм.

Втората фаза е клучна за губењето на тежина. Во текот на оваа фаза е важно: еден ден во неделата да консумирате само протеини, потоа еден ден протеини и зеленчук, па повторно еден ден само протеини итн. Накратко, секој прв ден само протеини како во првата фаза, а секој втор ден да воведувате зеленчук со протеините.

Дозволен зеленчук се брокула, спанаќ, цвекло, краставица, домат, печурки, ‘рдоква, црн домат, зелка и кромид. Забранет е зеленчукот што содржи скроб, односно компир, боранија, леќа, грашок, грав, пченка. Се препорачува пиење многу вода, консумирање две супени лажици овесни житарки и 20-минутно пешачење дневно. Дозволен е сок од домати без конзерванси.

Трета фаза

Ова е период на стабилизација, кога целта треба да биде задржување на постигнатата тежина. Во оваа фаза полека се воведуваат продуктите што беа забранети во минатите две фази, а се продолжува со секојдневното консумирање на неограничено количество протеини. Сега се дозволени и јагнешкото и свинското месо, неограничени количества салата и зеленчук. Времетраењето на третата фаза е онолку денови колку што сте изгубиле килограми во првите две фази. Ако се тоа десет килограми, тогаш третата фаза треба да трае цели десет дена.

Четврта фаза

Четвртата фаза е период на одржување. Авторот на оваа диета тврди дека ако секој четврток јадете само протеини, а сите други денови во неделата јадете што сакате, нема да се здебелите.

Задолжителни се и понатаму овесните житарки, една лажица дневно, секој ден, како и 20-минутното пешачење.

Диетата Дукан се препорачува за сите освен за оние што имаат здравствени проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот