Што да правите ко­га ќе ви се из­гу­би ми­ле­ни­чето?

Она што се­кој чо­век кој чу­ва ку­че са­ка нај­мал­ку да му се слу­чи е не­го­ви­от че­ти­ри­но­жен при­ја­тел да се из­губи. За­тоа е доб­ро да се знае што да се пра­ви во слу­чај на ва­ков не­мил нас­тан.

Ве­ро­јатно, во афект, прво ќе поч­не­те да го до­ви­ку­ва­те ку­чето, на­де­вај­ќи се де­ка не отиш­ло пре­да­леку. Ко­га ќе сфа­ти­те де­ка го не­ма и де­ка не се враќа, поч­ну­ва да ве фа­ќа страв и па­нич­но ба­ра­те по­мош. Но, па­ни­ка­та са­мо мо­же да од­мог­не во ба­ра­ње­то на до­маш­ни­от ми­ле­ник.

Прво, ко­ја е при­чи­на­та за не­го­во­то бегство? Не­кои пе­со­ви има­ат вро­ден инс­тин­кт за тал­кање, па до­кол­ку нај­дат на­чин да се ис­кра­дат од до­мот или од дво­рот и да одат во „ис­тра­жу­вање“ на око­ли­ната, тоа и ќе го нап­ра­ват. До­кол­ку не оти­дат пре­да­леку, ќе се вра­тат нас­ко­ро и по­не­ко­гаш не­ма ни да до­знае­те што всушност се слу­чило.

Се­пак, по­не­ко­гаш ку­чи­ња­та прит­р­чу­ва­ат по не­ко­го и зав­ршу­ва­ат из­гу­бе­ни на непоз­нат те­рен. Ко­га ќе се слу­чи тоа, не­кои ку­чи­ња ка­ко да има­ат „вро­ден“ ГПС што им по­ма­га да го нај­дат сво­јот дом. Оние кои не се тол­ку веш­ти во прос­то­рот про­дол­жу­ва­ат да тал­ка­ат во пот­ра­га по лу­ѓе што ќе им по­могнат. Нес­те­ри­ли­зи­ра­ни ку­чи­ња мо­же да тр­гнат и по ми­ри­сот на жен­ка што го чув­ству­ва­ат во воз­дух и мо­же да се за­гу­бат во пот­ра­га по неа.

До­маш­ни­те ми­ле­ни­чи­ња кои се из­гу­бени, мно­гу ве­ро­јат­но се и уп­ла­шени, па ќе го по­ба­ра­ат нај­блис­ко­то за­сол­ниш­те – дупка, под­рум или не­кое слич­но место. На соп­стве­ни­ци­те им се со­ве­ту­ва да ги ба­ра­ат ку­чи­ња­та пеш­ки или со ав­то­мо­бил во ча­со­ви ко­ја не­ма мно­гу ин­тен­зи­вен со­об­ра­ќај, заш­то по­го­ле­ма е ве­ро­јат­нос­та де­ка ќе го за­бе­ле­жат.

Ек­спер­ти­те тврдат де­ка за ку­че­то по­лес­но да се вра­ти дома, пред вра­та тре­ба да се ос­тави неш­то чиј ми­рис би мо­жел да го прив­лече, ка­ко оми­ле­на­та иг­рачка, ќебе, пер­ни­ца на ко­ја спие. Раз­го­ва­рај­те со со­се­дите, ми­ну­ва­чите, заш­то и тие мо­же да ви да­дат ко­рис­ни ин­фор­ма­ции. За­дол­жи­тел­но из­вес­те­те за за­гу­бе­но­то ми­ле­ни­че и на со­ци­јал­ни­те мрежи.

Доб­ро е да се по­се­ти и ве­те­ри­на­рот на ва­ше­то куче, заш­то ос­вен што мо­же да го от­чи­та­ат бро­јот на мик­ро­чи­пот, тие мо­же да ја ра­ши­рат вес­та за тоа де­ка не­кој ба­ра из­гу­бе­но ми­ле­ниче.

Со­вет: за­дол­жи­тел­но ста­вај­те му чип на сво­е­то до­маш­но ми­ле­ниче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот