Што да прават родителите ако детето е позитивно на ковид-19?

Почната новата училиштна година/ Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Важно е родителите да контактираат со педијатар, кој ќе ги идентификува симптомите и во зависност од нивната сериозност, ќе ги направи  потребните тестови, особено брис од назофаринксот.

Најраните симптоми на новиот коронавирус се многу слични на оние на сезонскиот грип. Кашлица, треска и болки во телото се присутни кај сите болести предизвикани од различни респираторни вируси.

Меѓу другото, во периодот на сезонски грип, заразата е многу честа  во училиштето/градинките, особено кај најмалите, затоа што децата се наоѓаат заедно во иста просторија доста време. Општо, кај грипот се јавува наеднаш покачена  температура над 38° придружена со барем еден општ симптом (малаксаност и замор, главоболка и болки во мускулите) и најмалку еден респираторен симптом (кашлица, воспалено грло и отежнато дишење).

Во суштина, невозможно е да се разликуваат симптомите на ковид-19 од симптомите на грип. Единствениот начин да се добие одредена дијагноза на ковид-19 е да се реализира брис.

Ако постои сомнеж дека детето реализирало близок контакт со потврден или веројатен случај на Ковид-19 во претходните 14 дена од појавата на првите симптоми, важно е да се остане дома и задолжително да се контактира педијатар, кој ќе ги идентификува симптомите и доколку е потребно ќе реализира брис од назофаринксот.

Со започнување на престој училиште/градинка , може се случи детето да има позитивен тест за новиот коронавирус. Ако се случи ова да не се паничи, и важно е да се знае времетраењето и карактеристиките на болеста ковид-19. 

Оваа болест кај децата обично трае кратко. Ова произлегува од досегашните  искуства со оваа инфекција како и фактот дека кај многу деца инфекцијата не предизвикала никакви симптоми (асимптоматска е ), но и кога предизвикува болест, симптомите се обично благи или умерени како настинка,кашлица и лесно покачена  температура.

Доколку се присутни, симптомите имаат тенденција да исчезнат во рок од една недела до две: во просек, времетраењето на болеста е четири или пет дена. Меѓутоа, многу често симптомите се потценуваат и ова доведува до одложување на дијагнозата.

Сигурно, со почетокот на училиштето, децата ќе имаат епизоди на покачена температура и кашлица: ќе биде тешко да се каже веднаш дали е Ковид-19 или некоја друга инфекција поврзана со сезоната.

Важно е родителите да контактираат со педијатар, кој ќе ги идентификува симптомите и во зависност од нивната сериозност, ќе ги направи потребните тестови, особено брис од назофаринксот.

Во нашата болница имаме тестови за детекција на  најчестите вирусни инфекјции во сезонава вклучувајки го и коронавирусот. Ако на детето се дијагностицира ковид-19 болест, би требало да  се проследат контактите  ретроградно за да се  прекине преносот.

Откако детето ке биде  прегледано и реализиран брис, лекарот ќе направи проценка  дали е потребна хоспитализација или детето може да се следи во домашни услови преку специјална платформа за следење на пациентот со Ковид-19 инфекција која нашата болница ја  има.

Ако детето може да остане дома, потребни се 14 дена изолација за  да може безбедно да се врати на училиште без симптоми и со негативни брисеви.

Колку време  е потребно да се негативизира ?

Клиничко закрепнување кај децата е многу брзо, освен во ретки случаи. Треба, сепак, повеќе време детскиот организам да се ослободи од вирусот. Во некои случаи вирусот предизвикува многу брз имунолошки одговор кој им овозможува на децата да се ослободат од вирусот брзо. Кај други деца, имунолошкиот систем не е способен да го препознае толку брзо вирусот и нивниот имун одговор не е толку ефикасен и брз и затоа има тенденција вирусот да опстојува во телото подолго време.

Во Клиниката „Жан Митрев“ се прават тестови за детекција на најчести вирусни инфекции во сезонава, вклучувајки го и коронавирусот. За повеќе информации и закажување термин јавете се на телефонскиот број 02 309 1484.  


Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот