Што да одберете: Млеко, лосион или спреј со заштитен фактор?

плажа
Фото: unsplash

Спрејот со заштитен фактор на прв поглед е попрактичен, бидејќи полесно се нанесува. Поради тоа и е доста популарен и продаван производ.

Но, со испрскувањето од спрејот, голем дел честички од козметичкиот производ завршуваат на површините околу нас, наместо на телото. На самите упатства пишува дека треба да се нанесува од поголема оддалеченост, па ваквите губитоци се очекувани. Исто така, доколку прочитате повнимателно, на некои производи ќе најдете инструкција да прснете на дланката и да намачкате на телото. Во принцип, доаѓате до истото, но на многу понеекономичен начин.

Поради тоа, изберете лосион или млеко со заштитен фактор. Можеби ќе ви треба повеќе време додека да се намачкате, но барем сте сигурни дека рамномерно сте го нанеле производот.

На човечкото тело му се потребни 10 ДЕНА НА МОРЕ, а еве и зошто!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот