Што да направите кога ќе пронајдете крлеж дома или уште полошо – гнездо на крлежи

Фото: Профимедиа

Иако крлежите немаат намера да влезат во вашиот дом, тие можат да се вовлечат низ малите пукнатини, кои вие со голо око нема ни да ги забележите.

Една обична прошетка во природа може да донесе и крлеж дома. Па иако постојат видови крлежи што нема долго да издржат дома, оние кафеавите, кои ги „напаѓаат“ животните, честопати можат своето гнездо да го направат во вашиот дом. Ако веќе немате среќа и го здогледате како шета по каучот, некои работи е добро да ги имате предвид!

Прегледајте се себеси и членовите на семејството

Долгата прошетка во природа со крзненото милениче може да му го олесни на крлежот влегувањето во вашиот дом преку облеката, но и преку кучешкото крзно. Пред прошетката, погрижете се сите да носат облека што ја покрива кожата, а кога ќе се вратите дома, проверете го целото тело, косата, но и влакната на кучето, а освен во неговото крзно, крлежите може да се наоѓаат и на шепите, ушите или во устата на кучето. Ако имате мачка што слободно шета во дворот, и неа прегледувајте ја секојдневно.

Поправете ги сите пукнатини на прозорците

Иако крлежите немаат намера да влезат во вашиот дом, тие можат да се вовлечат низ малите пукнатини кои вие со голо око не мора ни да ги забележите. Но, се случува една не толку добра работа, а тоа е дека крлежите можат да направат гнездо во вашиот дом, да ги положат јајцата и да ви зададат многу проблеми. Ова е сосема доволна причина да проверите од каде може да се вовлекуваат во вашиот дом и да спречите тоа да се случи.

Користете заштита

За уште поголема безбедност, спречете ја можноста крлежите да влегуваат во куќата, заштитете ги миленичињата со ѓердани или капки, таблети или спрејови.

Погрижете се дворот да биде чист

За да се ослободите од крлежите од куќата, не дозволувајте им да се приближат до вашиот двор, а тоа ќе го направите така што редовно ќе косите, ќе ги отстраните гранките, плевелот и целиот отпадок. Сè што можат да јадат глувците или стаорците, исто така треба да отстраните, бидејќи тие можат лесно да го внесат крлежот во дворот, па дури и во куќата.

Чистете го домот со правосмукалка, но не површно

Вклучете ја правосмукалката на најголема брзина и исчистете ја куќата. Ова не само што ќе ги уништи сите крлежи, туку и можните гнезда. Најважно е добро да ги исчистите местата што го имаат мирисот на вашето домашно милениче како што се неговото креветче или ќебе, тепихот и мебелот.

Прашок против крлежи

Постои заштита во облик на прав против крлежи и другите паразити. Купете средство кое е безбедно за луѓето и ставете го на местата каде што тие би можеле да се наоѓаат, по тепихот или на рабовите. По една недела, извадете го средството и сè добро исчистете со правосмукалката.

Исушете ја облеката, а потоа исперете ја

Кога ќе се вратите однадвор, веднаш соблечете ја облеката и фрлете ја во сушилницата на највисока температура (или надвор оставете ја да се исуши). Машината за сушење алишта ќе ги уништи сите крлежи на облеката. Кога ќе го направите тоа, исперете ја облеката во машината за перење алишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот