Што да направите кога имате низок притисок?

Profimedia
Фото: Профимедиа

Променливото време може да направи вашиот крвен притисок да варира и тоа дополнително да ве измори, исцрпи и да ви предизвика главоболки. Што можете да направите ако притисокот ви е низок?

Во прв момент, додадете малку повеќе сол во храната или испијте јогурт во кој исто така имате додадено сол. Кафето може да ви помогне краткотрајно, па затоа не пијте по неколку кафиња, туку еднаш во денот испијте зелен или црн чај.

Кога забележувате дека ви се врти, избегнувајте нагло да станувате од седечката или лежечката положба, не кревајте тешки предмети и не се преморувајте со физичка работа.

Помогнете си и со храната, јадете салата од цвекло и домати, маслинки и пијте доволно вода. Најважно од сè е дека не треба да се туширате со многу топла вода, ниту да лежите во топла када. Правете го тоа со млака вода и набрзина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот