9.2 C
Скопје

Што да исфрлите од исхраната, а што да додадете ако страдате од ендометриоза?

Абдоминални грчеви, нагли промени во расположението, главоболки и нередовни менструации се само некои од симптомите на ендометриозата, состојба во која ткивото на ендометриумот се наоѓа надвор од самиот ендометриум и матката. Во текот на менструацијата, ова ткиво се разградува и се задржува во телото, поради што може да предизвика силни болки.

Научниците пронајдоа докази кои упатуваат на тоа дека ендометриозата помалку се пoјавува кај жени кои јадат многу овошје и зеленчук, рибино масло, млечни производи и омега-3 масни киселини. Од друга страна, се чини дека жените кои внесуваат храна богата со масти, транснезаситени масни киселини, алкохол и црвено месо, имаат зголемен ризик за ендометриоза.

Која храна треба да ја избегнувате ако имате ендометриоза?

На жените со ендометриоза им се препорачува да избегнуваат храна богата со висок удел на маснотии, бидејќи можат да го зголемат нивото на естроген во телото. Колку повеќе маснотии се наоѓаат во исхраната, толку повеќе се произведува естрогенот. Ова се случува и ако имате прекумерна тежина.

Жените со ендометриоза треба да избегнуваат мрсна храна, како што се црвено месо и млечни производи со многу маснотии, кои можат да имаат високо ниво на ПЦБ (полихлорирани бифенили) и диоксини. Користете органска храна секогаш кога можете или излупете ги овошјето и зеленчукот пред да ги консумирате.

Исто така, постои врска помеѓу оксидативниот стрес, слободните радикали и ендометриозата. Истражувањата покажаа дека недостатокот на антиоксиданти може да придонесе за ендометриоза, додека клучните антиоксидантни хранливи материи, како што се селен и витамините А, Ц и Е, можат да помогнат во одржувањето на ендометриозата под контрола.

Прочитајте и...  Бајага напиша химна на храброста: Ѝ ја посвети „Не си сама“ на Милена Радуловиќ

Исто така, треба да избегнувате цитруси како грејпфрут и портокал, бидејќи тие можат да го иритираат желудникот и да го попречат начинот на кој естрогенот се излачува од телото. Кога исклучувате одредена храна од исхраната, задолжително пронајдете алтернатива за да избегнете недостаток на одредени хранливи материи.

Што треба да јадете ако имате ендометриоза?

Нутриционистите со години зборуваат за ендометриозата и исхраната, па ја опишуваат посебната исхрана кај оваа состојба.

Основата на исхраната за ендометриоза вклучува:

Свежина – купувајте ја најсвежата храна што можете да ја најдете и јадете ја додека е свежа. Избегнувајте високо обработена храна која е полна со адитиви. Гответе со свежа храна и јадете суров зеленчук и овошје секој ден. За да се намали изложеноста на пестициди, консумирајте органски произведена храна секогаш кога е можно.

Разновидност – секој ден јадете што е можно поразновидно.

Вашата дневна исхрана треба да обезбеди 75 грама квалитетен протеин од извори како што се риба, јајца и млечни производи со малку маснотии. Исто така, вклучете неколку јаткасти плодови, семки и мешунки (како грав), две порции црвен или портокалов зеленчук, два вида зелен лиснат зеленчук и два вида бобинки, кои се богати со антиоксиданти.

Прочитајте и...  ФОТО | Враќање во седумдесеттите: Капутот од овчо крзно е хит број 1 оваа зима!

Одредени намирници богати со клучни хранливи материи се важни кај исхраната за ендометриоза!

Зеленчук со витамин Б

Исхраната мора да има доволно влакна и витамини од групата Б од зелениот зеленчук за да му помогне на телото да се справи со постојаното разградување на циркулирачките естрогени. Зелениот лиснат зеленчук исто така може да им помогне на нервниот и имунолошкиот систем, а магнезиумот ги опушта мазните мускули што се наоѓаат во цревата и матката. Во најдобар зеленчук спаѓаат зелката, брокулата, карфиолот, кељот, ротквицата, ренот.

Храна богата со железо

Ендометриозата може да предизвика сериозно крвавење, па затоа е важно да се замени изгубеното железо. Два вида на железо се достапни во храната што ја јадеме: хеме железо од протеински извори и не-хеме железо од растителни извори. He-хеме железото е достапно во зелениот лиснат зеленчук, цвеклото, сушените кајсии и чоколадата. Хемиското железото потекнува од здравото црвено месо, јајцата и рибата.

Омега масни киселини

Вклучете 1 лажица ладно цедено растително масло во вашата исхрана дневно. Избегнувајте трансмасти и намалете го внесот на заситени масти. Извори на омега масни киселини вклучуваат мрсна риба како што е лосос, семки и екстра девствено ладно цедено маслиново масло.

Влакна

Се советува дневно внесување 30 грама влакна од овошје, зеленчук, јаткасти плодови, семки, мешунки и цели зрна, вклучувајќи ‘рж, овес, ориз, пченка, просо и хељда за да го одржите вашиот цревен тракт здрав и да го стимулирате излачувањето на вишокот естроген.

Прочитајте и...  Српски психолог открива зошто Милена Радуловиќ се смее на фотографијата со Мика Алексиќ

Вода

Пијте околу 2 литра вода на ден. Избегнувајте кофеин, рафинирани шеќери, засладувачи, газирани сокови и алкохол кога се борите со ендометриоза или кога се обидувате да забремените.

Дозволени и забранети намирници

Од исхраната треба да се исклучат: млеко и млечни производи, црвено месо (бидејќи содржи високо ниво на арахидонска киселина од која се формираат простагландини), заситени масти и сите трансмасти, вклучувајќи маргарин, бел леб, шеќер и кофеин, алкохол, конзерванси и адитиви, цитруси (бидејќи тие можат да ја нарушат рамнотежата на лачењето на естроген), како и глутен.

Дозволени намирници се: органско пилешко и мисирка (без кожа), риба, школки, рибино масло и други незаситени масти богати со омега-3 масни киселини, овошје, зеленчук, особено зелка, брокула, кељ, келераба, зелена салата, целер, магдонос, грашок, мешунки (грав, леќа), јаткасти плодови (орев, бадем, лешник, бразилски орев, семки од тиква).

Исхраната треба да биде богата со растителни влакна (25 гр интегрални житарки, мешунки, кафеав ориз, зеленчук и овошје на ден).

Јадете овесни снегулки, семе од чиа, киноа, семе од лен, излупен јачмен, семки од сончоглед, семе од сусам итн.

Поврзани вести

ФОТО | Биле страв и трепет и никој не можел да ги надмудри како војни стратези: Ова се најмоќните кралици воини

Слободен печат

ФОТО: Сузана Турунџиева и Атиџе низ главниот град кај „скопските пчели“

М.Р

Лари Кинг пред олтарот застана осум пати со седум жени, една од нив ја запросил во болничка соба

Слободен печат

Бајага напиша химна на храброста: Ѝ ја посвети „Не си сама“ на Милена Радуловиќ

Слободен печат

Отруена е Алис, белгискиот овчар кој спасуваше луѓе по земјотресот во Петриња: „Ми умре во прегратка“

Слободен печат

Почина познатиот водител Лари Кинг

Слободен печат

Остави Коментар