Што да гледате за време на празниците? | Божиќни филмови на Нетфликс

A Boy Called Christmas/Twitter
A Boy Called Christmas/Twitter

За многумина божиќните празници се речиси незамисливи без филмовите „Home Alone“, „Love Actually“, „Polar Express“, „Elf“, „How the Grinch Stole Christmas“, „Jingle all the Way“, „Miracle on 34th Street“, а за некои пак, невозможно е да помине декември без „Harry Potter“ маратон.

Можеби ни е врежано во кодот, можеби станува збор за традиција или пак е едноставно само навика, но студеното време и раното заоѓање на сонцето ни помогнуваат полесно да се одлучиме да се релаксираме со feel-good филмови, сместувајќи на удобната фотелја, под ќебе и со шолја чај или топло чоколадо во раце.

И оваа година Нетфликс е преплавен со божиќни филмски наслови, совршени за овој период. Ние одбираме 5 од нив снимени во 2021 година:

1. Love Hard (2021, режија: Ернан Хименез)

Во оваа современа романтична комедија, новнарка која пишува за пропаднати состаноци, крои планови да го изненади својот онлајн убавец со посета во живо и прелетува 4829 километри за време на празниците за да го запознае. Нештата стануваат комплицирани откако таа ќе сфати дека човекот со кого дотогаш комуницирала, користел туѓи фотографии за да ја освои.

2. Single All the Way (2021, режија: Мајкл Мајер)

Со цел да ги избегне непријатните прашања од страна на неговото семејство затоа што е сингл, Питер го убедува најдобриот пријател Ник да се претстави како негово момче на фамилијарните собири за време на празниците. Иако формулата како романтична комедија не е оригинална, Single All the Way е сепак прв од ваков вид што се фокусира на квир пар.

3. A Boy Called Christmas (2021, режија: Гил Кенан)

Откако живото со неговата сурова тетка Рут станува неподнослив, Николас, онбично младо момче, тргнува во авантура на снежниот север во потрага по својот татко кој заминал на мисија да го открие легендарното село на елфовите, Елфхелм. Земајќи ги со себе лојалниот миленик, глувчето Миика и тврдоглавиот ирвас Блицен, Николас наскоро ќе се соочи со својата судбина. Со одличната актерска екипа и неверојатните специјални ефекти, филмот е симпатична реимагинација на тоа како младиот Свети Никола ја проншол својата цел.

4. Jingle Jangle: A Christmas Journey (2021, режија: Дејвид Талберт)

Производителот на играчки, Џероникус, се соочува со предавстсво откако неговиот асистент ќе му ја украде книгата со идеи и уникатна кукла матадор. Тој ја губи волјата да создава нови играчки, сè до моментот кога неговата внука ќе го посети, години подоцна. „Jingle Jangle“ е едно од најновите празнични филмови на Нетфликс што ги нуди сите веќе познати белези на совршена божиќна приказна: губење верба во Божиќ, осаменост, а потоа и повторното оживување на духот на празникот, благодарение на љубовта и семејството.

5. Shaun The Sheep: The Flight Before Christmas (2021, режија: Џастин Флечер)

Слично како што „Puss in Boots“ беше поуспешен од првиот филм „Shrek“, „Shaun the Sheep“ започна како спин-оф на „Wallace & Gromit“, прераснувајќи во специјален божиќен филм „Shaun The Sheep: The Flight Before Christmas“, кој е дури и подобар од оригиналниот. Овцата Шон е еден од најдобрите ликови на Aardman Animation Studio, па така, ова божиќно издание е убаво изненадување за обожавателите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот