Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Netflix
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд? / Фото: Принтскрин/imdb

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

The Thief, His Wide and the Canoe – Серија на „HBO“

Неверојатната вистинска приказна за затворскиот службеник Џон Дарвин и неговата сопруга Ана. Џон ја лажирал сопствената смрт за да добие пари од животното осигурување и да избегне банкрот.

Жанр: криминалистичка драма / IMDB оценка: 7.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 78%

The Card Counter – Филм на „HBO“

Вилијам Тел е коцкар и поранешен службеник кој само сака да игра карти. Неговото спартанско постоење во светот на казиното се менува кога ќе му пријде еден ранлив и лут млад човек кој бара помош за да го изврши својот одмазднички план.

Жанр: трилер/драма / IMDB оценка: 6.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 87%

Wedding Season – Филм на „Netflix“

Под притисок од нивните родители да најдат сопружници, Аша и Рави се преправаат дека се забавуваат за време на летната сезона на свадби, само за да се „спасат“ од многубројните коментари, но дали ќе успеат да ги измамат сите?

Жанр: романтична комедија / IMDB оценка: 6.3 / Rotten tomatoes рејтинг: 83%

Uncoupled – Серија на „Netflix“

На еден маж му се превртува животот наопаку откако неговиот долгогодишен партнер решава да го напушти по цели 17 години врска. Брокерот за недвижнини од Њујорк се соочува со осаменичкиот живот и бара начин како да започне одново и повторно да се забавува во неговите 40-ти.

Жанр: романтична драма / IMDB оценка: 7 / Rotten tomatoes рејтинг: 75%

 

 

Доколку не се инспириравте од овие предлози, ѕирнете ги насловите од минатите препораки ТУКА.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот