Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

netflix
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд? / Фото: Принтскрин/IMDB

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

Keep Breathing – Серија на „Netflix“

Откако еден мал приватен авион ќе се сруши во езеро скриено во канадската дивина, преживеана Лив мора да се бори и со непростливиот студ и со личните трауми од минатото за да остане жива во суровата средина.

Жанр: драма / IMDB оценка: 5.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 56%

The One I Love – Филм на „HBO“

На еден пар чиј брак е на раб на распаѓање им се случува надреално искуство за време на викенд во изнајмена куќа препорачана од нивниот терапевт.

Жанр: романтична драма / IMDB оценка: 7 / Rotten tomatoes рејтинг: 82%

The Cleaning Lady – Серија на „HBO“

Кога лекарката Тони Де Ла Роса доаѓа во САД на медицински третман за да го спаси својот болен син, таа наскоро сфаќа дека нејзиниот пат нема да биде толку лесен. Тони станува жртва на системот – но, решава да не дозволи да биде маргинализирана и станува чистачка. Користејќи го своето лукавство и интелигенција, таа го крои својот пат во криминалното подземје, правејќи се за да преживее.

Жанр: криминалистичка драма / IMDB оценка: 7 / Rotten tomatoes рејтинг: 60%

Three Christs – Филм на „Netflix“

Д-р Алан Стоун, психијатар, применува радикален метод за лекување на тројца параноични пациенти кои боледуваат од шизофренија. Секој од тројцата верува дека е Исус Христос. Она што се случува е и комично и длабоко трогателно…

Жанр: драма / IMDB оценка: 6.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 43%

 

 

Доколку не се инспириравте од овие предлози, ѕирнете ги насловите од минатите препораки ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот