Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

netflix
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд? / Фото: Принтскрин/IMDB

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

You Don’t Know Me – Серија на „Netflix“

Млад човек од Јужен Лондон е седнат на обвинителна клупа поради убиство. Доказите против него се огромни, но наместо да дозволи еден од адвокатите да одлучи што е во негов најдобар интерес, тој избира да го искористи своето право да ја раскаже сопствената приказна, со свои зборови. Неговата приказна е извонредна, се работи за жената што ја сака, која се нашла во опасни неволји. Се работи за тоа како ризикувал се за да ја спаси. Тој се колне дека е невин, но на крајот единственото нешто што е важно е дали верувате во неговата приказна или не.

Жанр: драма / IMDB оценка: 6.8 / Rotten tomatoes рејтинг: 100%

House of Gucci – Филм на „HBO“

Кога Патриција Реџиани, девојка од скромно семејство влегува во семејството Гучи, нејзината нескротлива амбиција почнува да создава раздор помеѓу членовите на династијата. Почнува да се случува непромислена спирала на предавство, декаденција, одмазда – и на крајот убиство.

Жанр: криминалистичка драма / IMDB оценка: 6.6 / Rotten tomatoes рејтинг: 63%

Pretty Little Liars: Original Sin – Серија на „HBО“


Пред 20 години, низа трагични настани речиси го распарчуваат градот Милвуд. Сега, во денешно време, група тинејџерки стануваат мета на непозната личност „А“.

Жанр: драма / IMDB оценка: 6.7 / Rotten tomatoes рејтинг: 100%

Predestination – Филм на „Netflix“

Како негова последна мисија, агент има задача да патува назад во времето и да спречи бомбашки напад во Њујорк кој се случува во 1975 година. Но, сепак некои работи се надвор од границите на можноста.

Жанр: научна фантастика/акција / IMDB оценка: 7.4 / Rotten tomatoes рејтинг: 84%

 

Доколку не се инспириравте од овие предлози, ѕирнете ги насловите од минатите препораки ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот