Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

netflix
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

 Resident Evil – Серија на „Netflix“

Четиринаесет години откако смртоносниот вирус предизвика глобална апокалипса, Џејд Вескер се бори за опстанок во свет преплавен од заразени суштества
додека во исто време ја прогонува нејзиното минато, нејзиниот татко и она што се случило со нејзината сестра Били.

Жанр: акција/хорор / IMDB оценка: 3.7 / Rotten tomatoes рејтинг: 51%

Three Billboards Outside Ebbing, Missouri – Филм на „HBO“

Милдред Хејс е уништена по убиството на нејзината ќерка. Месеци подоцна, таа протестира и ја предизвикува полицијата кога тие не успеваат да го фатат виновникот.

Жанр: криминалистичка драма / IMDB оценка: 8.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 91%

The Pursuit of Love – Серија на „HBO“

Линда копнее по љубов и е опседната со секс. Таа е во потрага по совршениот љубовник, но набргу сфаќа дека да го пронајде „вистинскиот“ е многу потешко отколку што мислела.

Жанр: романтична драма / IMDB оценка: 6.7 / Rotten tomatoes рејтинг: 88%

American Made – Филм на „Netflix“

Бери Сил, пилот на комерцијална авиокомпанија, се вклучува во шверц на дрога и оружје додека работи за ЦИА. Подоцна, тој се претвора во владин шпиун за да
ја избегне затворската казна.

Жанр: криминалистичка драма / IMDB оценка: 7.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 85%

 

Доколку не се инспириравте од овие предлози, ѕирнете ги насловите од минатите препораки ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот