Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

netflix
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд? / Фото: Принтскрин/IMDB

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

Man vs. Bee – Серија на „Netflix“

Еден човек се впушта во „војна“ со пчела додека чува луксузна палата додека нејзините сопственици се на одмор. Кој ќе победи и каква непоправлива штета ќе биде направена во тој процес?

Жанр: комедија / IMDB оценка: 7 / Rotten tomatoes рејтинг: 58%

A Girl in the River: The Price of Forgiveness – Филм на „HBO“

Една жена во Пакистан, осудена на смрт поради љубов, станува една од ретките која го преживува суровиот судски систем во земјата.

Жанр: документарен филм/ IMDB оценка: 7.9 / Rotten tomatoes рејтинг:95%

My Brilliant Friend – Серија на „HBO“

Двете пријателки Еленда и Лила растат во Неапол од 1950-тите години на минатиот век. Кога Еленда открива дека Лила исчезнала без трага, за да се осигура дека сеќавањето на неа никогаш нема да избледее, Елена започнува да ја пишува приказната за нивното пријателство, преживувајќи го својот живот одново…

Жанр: драма / IMDB оценка: 8.6 / Rotten tomatoes рејтинг: 97%

Everybody Knows – Филм на „Netflix“

Лаура, која живее во Буенос Аирес, доаѓа во родната земја Шпанија со сопругот и двете деца. Кога нејзината најстара ќерка е киднапирана, почнуваат да се отвараат бројни тајни…

Жанр: трилер/драма / IMDB оценка: 6.9 / Rotten tomatoes рејтинг: 78%

 

Доколку не се инспириравте од овие предлози, ѕирнете ги насловите од минатите препораки ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот