Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

нетфликс
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд? / Фото: Принтскрин/IMDB

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

Irma Vep – Серија на „HBO“

Мира, американска филмска ѕвезда која е разочарана од нејзината кариера и неодамнешното раскинување, пристигнува во Франција за да го толкува ликот на Ирма Веп во римејкот на францускиот нем филм „Вампирите“.

Жанр: драма/ IMDB оценка: 6.3/ Rotten tomatoes рејтинг: 100%

Spiderhead – Филм на „Netflix“

На осудени лица им се нуди можност да волонтираат како медицински субјекти со цел да им се намали казната. Двајца затвореници се зближуваат додека се борат со своето минато во казнено-поправниот дом управуван од еден визионер кој експериментира на своите субјекти со лекови кои го менуваат умот.

Жанр: научна фантастика/трилер / IMDB оценка: 5.4 / Rotten tomatoes рејтинг: 41%

Keep Sweet: Pray and Obey – Серија на „Netflix“

Приказ на подемот на Ворен Џефс, таканаречениот духовен лидер во Фундаменталистичката црква Исус Христос на светиите од подоцнежните дни. Неговите следбеници се вклучени во полигамија и бракови склучувани од лидери на оваа црква. Џефс имал 78 сопруги, од кои 24 биле малолетни – шокантен криминален случај.

Жанр: документарна серија / IMDB оценка: 7.4 / Rotten tomatoes рејтинг: 91%

Father of the Bride – Филм на „HBO“

Еден татко се обидува да се справи со претстојната венчавка на неговата сакана ќерка менаџирајќи со многубројните врски во големото кубанско-американско семејство.

Жанр: романтична драма / IMDB оценка: 5.9 / Rotten tomatoes рејтинг: 82%

 

Доколку не се инспириравте од овие предлози, ѕирнете ги насловите од минатите препораки ТУКА.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот