Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

нетфлис
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд? / Фото: Принтскрин/IMDB

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

 Navalny – Филм на „HBO“

Детали за обидот за атентат на рускиот опозициски лидер и поранешен претседателски кандидат Алексеј Навални во 2020 година, во кој тој преживеа труење со смртоносен нервен агенс. За време на неговото повеќемесечно закрепнување, Навални прави шокантни откритија за атентатот и одлучува да се врати дома.

Жанр: документарец/трилер / IMDB оценка: 6.9 / Rotten tomatoes рејтинг: 99%

Love Death + Robots – Серија на „Netflix“

Збирка анимирани раскази којз опфаќа различни жанрови како научна фантастика, фантазија, хорор и комедија. Креаторите на анимација од светска класа оживуваат волшебни приказни во форма на уникатно и висцерално искуство на гледање. Анимираната антологија вклучува приказни кои истражуваат алтернативни истории, живот за роботите во постапокалиптичен град…

Жанр: анимирана серија / IMDB оценка: 8.4 / Rotten tomatoes рејтинг: 87%

Looking – Серија на „HBO“

Тројца најдобри пријатели кои живеат во Сан Франциско ги споделуваат нијансите и сложеноста на современите геј врски додека истражуваат различни опции, како во љубовта, така и во животот генерално. Тие се обединети со нивната блискост, но потрагата по среќа и интимност ги носи на сосема различни патишта…

Жанр: комедија / IMDB оценка: 8.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 90%

Our Father – Филм на „Netflix“

Откако една жена прави ДНК тест дома ќе открие дека има многу полубраќа и сестри. Таа почнува да ја разплеткува замрсената шокантна шема во која е вклучен донор на сперма и популарниот и контроверзен специјалист за плодност д-р Доналд Клајн.

Жанр: документарец / IMDB оценка: 6.6 / Rotten tomatoes рејтинг: 75%

 

Доколку не се инспириравте од овие предлози, ѕирнете ги насловите од минатите препораки ТУКА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот