Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

netflix
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд? / Фото: Принтскрин/IMDB

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

Safe – Серија на „Netflix“

Вдовецот Том се бори да ги одгледа своите две ќерки по смртта на неговата сопруга. Се чини дека работите се на добар пат за трочленото семејство, кои живеат во мирна британска заедница. Но, работите се влошуваат кога Џени, најстарата ќерка на хирургот Том, една ноќ мистериозно исчезнува заедно со нејзиното момче…

Жанр: трилер/ IMDB оценка: 7.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 71%

The World to Come – Филм на „HBO“

Некаде долж границата на американскиот источен брег во средината на 19 век, две сосетки, жени на фармери се соочуваат со бројни физички и психички предизвици. Тие живеат изолиран живот исполнет со тешкотии, но тогаш сфаќаат дека меѓу нив има некој неповратен магнетизам…

Жанр: романтична драма/ IMDB оценка: 6.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 75%

Munich: The Edge of War – Филм на „Netflix“

Есента во 1938 година, Хитлер се подготвува да ја нападне Чехословачка, а владата на Невил Чемберлен очајно бара мир. Тогаш поранешните соученици – британскиот државен службеник и германскиот дипломат тргнуваат на пат кон Минхен да разговараат за наоѓање решение.

Жанр: историска драма / IMDB оценка: 6.9 / Rotten tomatoes рејтинг: 85%

The Gilded Age – Серија на „HBO“

Девојката Мариан Брук по смртта на нејзиниот татко од рурална средина, се сели во Њујорк. Меѓутоа, работите се комплицираат кога таа мора да се асимилира во кланот на еден тајкун.

Жанр: историска драма/ IMDB оценка: 8.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 80%

 

Доколку не се инспириравте од овие предлози, ѕирнете ги насловите од минатите препораки ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот