Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

нетфликс
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд? / Фото: Принтскрин/IMDB

Како и секој претходен петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

The Lost Daughter – Филм на „Netflix“

Факултетска професорка се соочува со своето вознемирувачко минато откако запознава една жена и нејзината мала ќерка додека се на одмор во Италија. Нејзината опседнатост со жената и нејзината ќерка поттикнува спомени од нејзиното рано мајчинство.

Жанр: психолошка драма/ IMDB оценка: 6.8 / Rotten tomatoes рејтинг: 95%

The Chair – Серија на „Netflix“

Како прва жена со азиско потекло која станала шеф на Катедрата за англиски јазик на престижен универзитет, д-р Џи-Јун Ким се соочува со некои екстремни барања и високи очекувања од своите колеги, но и студенти. Самохраната мајка која паралелно се обидува да си го среди приватниот живот станува дел од вртлок од кој не знае како ќе излезе.

Жанр: комедија/драма / IMDB оценка: 7.2/ Rotten tomatoes рејтинг: 86%

Mildred Pierce – Серија на „HBO“

Мајка од Лос Анџелес го исфрла својот сопруг од нивната семејна куќа
откако открива дека тој бил неверен, но се соочува со пропаст додека се бори
сама да ги одгледа своите две ќерки.

Жанр: драма/ IMDB оценка: 7.6/ Rotten tomatoes рејтинг: 81%

Let Him Go – Филм на „HBO“

Еден пензиониран шериф и неговата сопруга соочувајќи се со огромната тага по загубата на својот син, се впуштаат по потрага да го најдат својот единствен внук. Набргу сфаќаат дека нивната поранешна снаа и внук се заглавени во канџите на нејзиниот нов сопруг…

Жанр: трилер/драма / IMDB оценка: 6.7 / Rotten tomatoes рејтинг: 84%

 

Доколку не се инспириравте од овие предлози, ѕирнете ги насловите од минатите препораки ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот