Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

hbo netflix
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд? / Фото: Принтскрин/IMDB

Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

Power of the Dog – Филм на „Netflix“

Харизматичниот ранчер Фил буди страв и стравопочин кај луѓето околу него. Тој одговара со исмејувачка суровост кога неговиот брат ја носи дома неговата нова сопруга и нејзиниот син, но потоа се случува еден неочекуван пресврт.

Жанр: вестерн/драма / IMDB оценка: 7 / Rotten tomatoes рејтинг: 95%

Billions – Серија на „HBO“

Чак Роудс, искрен, но безмилосен американски адвокат, се впушта во егоистичка битка со кралот на хеџ-фондовите Боби „Акс“ Акселрод. Овие двајца моќници во Њујорк се обидуваат да се надминат еден со друг на конкурентниот финансиски пазар.

Жанр: драма / IMDB оценка: 8.4/ Rotten tomatoes рејтинг: 89%

True Story – Серија на „Netflix“

Застанувањето во Филаделфија, родниот град на Кид, за време на турнејата станува прашање на живот и смрт за еден од најпознатите светски комичари кога последиците од ноќта со неговиот брат се закануваат да го уништат сето она што тој го изградил.

Жанр: драма / IMDB оценка: 7.7 / Rotten tomatoes рејтинг: 50%

Phone Booth – Филм на „HBO“

Публицистот Стјуарт Шепард се соочува со животна закана кога одговара на едно мистериозно ѕвонење на телефонска говорница. Човекот од другата страна на линијата му кажува дека ќе биде застрелан во моментот кога ќе го прекине разговорот!

Жанр: психолошки трилер / IMDB оценка: 7 / Rotten tomatoes рејтинг: 72%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот