Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

хбо нетфликс
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викнд? / Фото: Принтскрин/IMDB

Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

The Billion Dollar Code – Серија на „Netflix“

Во Берлин во 1990-тите, уметник и хакер измислиле нов начин да го видат светот. Години подоцна, двајцата германски компјутерски пионери одат на суд за да го тужат „Google“ и да докажат дека тие се пронаоѓачи на алгоритмот „Google Earth“.

Жанр: драма / IMDB оценка: 8.1/ Rotten tomatoes рејтинг: 100%

Jagged – Филм на „HBO“

Животот и музичката кариера на Аланис Морисет, која се присеќа на нејзиниот подем во рок ѕвезда од 1990-тите.

Жанр: документарен филм / IMDB оценка: 6.9 / Rotten tomatoes рејтинг: /

The Harder They Fall – Филм на „Netflix“

Кога еден одметник открива дека неговиот непријател е ослободен од затвор, тој повторно ја обединува својата банда за да се одмазди.

Жанр: вестерн / IMDB оценка: 6. 6 / Rotten tomatoes рејтинг: 87%

Veep – Серија на „HBO“

Поранешната сенаторка Селина Мајер добива шанса да стане потпретседателка на Соединетите држави. Таа се обидува да спречи различни политички проблеми додека жонглира со нејзиниот јавен, но и приватен живот.

Жанр: ситком / IMDB оценка: 8.3 / Rotten tomatoes рејтинг: 93%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот