Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

хбо нетфликс
Фото: Принтскрин / IMDb

Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

Love on the Spectrum – Серија на „Netflix“

Седум млади возрасни луѓе од спектарот на аутизам нурнуваат во светот на состаноците, истражувајќи го непредвидливиот свет на љубовта и врските.

Жанр: ријалити / IMDB оценка: 8.6 / Rotten tomatoes рејтинг: 100%

City Of Lies – Филм на „HBO“

Детективот на полициската станица во Лос Анџелес, Расел Пул, поминал години обидувајќи се да го реши неговиот најголем случај – убиствата на The Notorious B.I.G. и Тупак Шакур – но по две децении, истрагата останува отворена. Џек Џексон, новинар кој очајно сака да ја спаси својата репутација и кариера, е решен да открие зошто. Во потрага по вистината, двајцата се здружуваат и разоткриваат мрежа на институционална корупција и лаги.

Жанр: криминалистичка драма/ IMDB оценка: 6.5 / Rotten tomatoes рејтинг: 51%

Red Notice – Филм на „Netflix“

Во светот на меѓународниот криминал, агент на Интерпол се обидува да го фати најбараниот крадец на уметнички дела во светот.

Жанр: акција/комедија / IMDB оценка: 7.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 40%

Temple – Серија на „HBO“

Хирург поставува недозволена клиника во тунелите под метро станицата Темпл за да најде лек за својата болна сопруга, но тој мора да ја финансира операцијата со лекување на криминалци и други очајни пациенти кои не можат да побараат помош од редовните медицински установи.

Жанр: драма / IMDB оценка: 7.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 75%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот