Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

netflix hbo
Фото: Принтскрин / IMDB

Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

Working moms – Серија на „Netflix“

Кејт и нејзината долгогодишна пријателка, Ана, се дел од група мајки кои сакаат да судат. Таму ги запознаваат срамежливата Џени и Френки. Четирите брзо формираат неверојатно пријателство, споделувајќи ги борбите за урбано мајчинство исполнети со хаосот од мали деца, тантруми, кариера и идентитетски кризи, сето тоа додека се обидуваат да се грижат и за себе.

Жанр: комедија/драма / IMDB оценка: 7.6 /  Rotten tomatoes рејтинг: 69%

The Legend of the Underground – Филм на „HBO“

Откривање на неконтролирана дискриминација во Нигерија и истражување на животот на неколку харизматични, неконформистички млади луѓе кои мора да изберат да се борат за слобода на изразување или да побегнат за да живеат слободни во Соединетите држави. Преку социјалните медиуми, славните личности и смелата креативност, тие создаваат културна револуција која ги предизвикува идеалите за родот, усогласеноста и граѓанските права во Нигерија.

Жанр: документарен филм / IMDB оценка: 6.3 /  Rotten tomatoes рејтинг: 100%

Dave – Серија на „HBO“

Приказната се фокусира на еден „невротичен“ човек во доцните 20-ти, кој мисли дека е предодреден да биде еден од најдобрите рапери на сите времиња. Сега тој мора да ги убеди своите најблиски пријатели, бидејќи само со нивна помош, може да го „убеди“ и светот. Комедија која се базира на животот на раперот и комичар Дејв Бурд, попознат по уметничкото име Лил Дики.

Жанр: комедија / IMDB оценка: 8.3 /  Rotten tomatoes рејтинг: 83%

Good on Paper – Филм на „Netflix“

По неколку години откако почна да ја става кариерата пред љубовта, Андреа Сингер налетува на совршениот дечко. На хартија, Денис ги исполнува сите услови, но пријателката на Андреа, Маргот, е убедена дека тој не е толку перфектен како што изгледа.

Жанр: комедија/драма / IMDB оценка: 5.6 /  Rotten tomatoes рејтинг: 52%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот