Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

netlix hbo
Фото: Принтскрин IMDB/Netflix

Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

Crazy, Not Insane – Филм на „HBO“

Судскиот психијатар Дороти Отнау Левис предизвикува контроверзии со нејзините уникатни ставови за сериските убијци и смртната казна. Приказната го следи нејзиното истражување и проучување на психологијата на убиствата.

Жанр: документарен филм/ IMDB оценка: 6.9 / Rotten tomatoes рејтинг: 94%

The White Lotus – Серија на „HBO“

Најтемните тајни и скриени вистини на гостите и вработените на еден тропски резорт се откриваат во текот на една недела, што требаше да биде само еден релаксирачки одмор.

Жанр: комедија/ IMDB оценка: 7.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 85%

The King – Филм на „Netflix“

Младиот принц Хенри V се соочува со непријателства и измама, во и надвор од замокот откако станува крал на Англија во 15 век, по смртта на неговиот брат. Барајќи луѓе на кои може да им верува, новиот крал сфаќа дека нема пријатели, само следбеници…

Жанр: историска драма / IMDB оценка: 7.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 71%

Girlboss – Серија на „Netflix“

Инспирирана од најпродаваната книга на Софија Аморусо, приказната го следи подемот на мултимилионската модна империја на „Нести Гал“ односно Софија. Таа е бунтовна, сиромашен анархист, која решава да започне да продава облека преку Интернет. Како што нејзината страст се претвора во модна империја, Софија станува деловна жена, која почнува да ја сфаќа вредноста и тешкотиите да биде шеф на сопствениот живот.

Жанр: комедија / IMDB оценка: 7 / Rotten tomatoes рејтинг: 35%

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот