Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

netflix, hbo
Фото: Принтскрин / IMDB

Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

Sweet Tooth – Серија на „Netflix“

Десет години откако една вирусна пандемија, го збриша најголемиот дел од човечката популација во светот, започна мистериозно појавување на хибридни бебиња кои се половина човек, половина животно. Несигурни дали хибридите се причина или резултат на вирусот, многу луѓе стравуваат и ги ловат. Хибридот Гус, полу човек-елен, живее во пустината со неговиот татко – кој умира кога Гус има девет години. Тогаш тој е принуден да се впушти во една опасна авантура и да се обиде да преживее.

Жанр: драма / IMDB оценка: 8 / Rotten tomatoes рејтинг: 98%

I Used to Go Here – Филм на „HBO“

По промовирањето на нејзиниот нов роман, 35-годишната писателка Кејт е поканета да зборува за нејзината „alma matter“ од нејзиниот поранешен професор. Откако ќе ја прифати поканата, Кејт се наоѓа „заплеткана“ во животот на група студенти.

Жанр: комедија/драма / IMDB оценка: 5.6 / Rotten tomatoes рејтинг: 84%

Raised by wolfs – Серија на „HBO“

Два андроиди имаат за задача да одгледуваат човечки деца на мистериозната планета Кеплер-22б откако Земјата беше уништена од голема војна. Бидејќи човечката колонија се заканува да биде распарчена од религиозните разлики, андроидите сфаќаат дека контролата врз верувањето на луѓето е предавничка и тешка задача.

Жанр: научна фантастика/ IMDB оценка: 7.6 / Rotten tomatoes рејтинг: 73%

The Paramedic – Филм на „Netflix“

Анхел работи во служба за брза помош. Откако ќе претрпе сериозна несреќа, неговиот личен живот почнува дополнително да се комплицира. Опседнат со идејата дека неговата партнерка му е неверна, неговиот живот ќе се претвори во пекол.

Жанр: драма / IMDB оценка: 5.6 / Rotten tomatoes рејтинг: 50%

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот