Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

принтскрин

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес.

Епа, овој викенд нека биде поинаку. Ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно ќе ви го направат викендот повозбудлив.

Seaspiracy – Филм на „Netflix“

Како голем обожавател на океаните, еден режисер се стреми да ја документира штетата што луѓето ја прават на морските видови и открива алармантна глобална корупција. „Seaspiracy“ е документарен филм за различните човечки влијанија врз морскиот живот и се залага за ставање крај на несовесните морски мафии!

Жанр: документарен филм / IMDB оценка: 8.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 75%

In Treatment – Серија на „HBO“

Психотерапевтот д-р Пол Вестон спроведува неделни сесии со своите пациенти во неговиот дом. Тој почнува да ги доведува во прашање сопствените способности и мотиви, па решава да побара помош од неговиот поранешен ментор и терапевт д-р Џина Тол, која не ја видел повеќе од десет години.

Жанр: драма / IMDB оценка: 8.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 89%

Master of None – Серија на „Netflix“

Комичарот Азиз Ансари и писателот Алан Јанг се креатори на оваа оригинална комедија која е делумно заснована на реалните искуства на Ансари. Ансари ја игра улогата на Дев, актер кој се бори и се движи низ градската џунгла во њујорк кој се бори да сфати што навистина сака, и лично и професионално. Истражувајќи ги тековните аспекти од неговиот живот, да се биде млад и сингл во градот.

Жанр: комедија/драма / IMDB оценка: 8.3 / Rotten tomatoes рејтинг: 94%

Mulan – Филм на „HBO“

Една млада девојка од Кина се маскира како маж воин и кога царските војници пристигнуваат во нејзиното село таа решава да се приклучи на империјалната војска со цел да го спаси својот болен татко да не биде принуден да оди бидејќи нема машки наследник.

Жанр: авантура/акција / IMDB оценка: 5.7 / Rotten tomatoes рејтинг: 72%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот