Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Нема подобро време за гледање интересен филм или серија од викендите. Но, веруваме дека на многумина им e познато чувството – „што да се гледа вечерва“.

Затоа ние одбравме неколку предлози кои можеби ќе го привлечат и вашето внимание.

Irishman – Филм на „Netflix“

Во педесеттите години од минатиот век, возачот на камион Френк Ширан се заплеткува со Расел Буфалино и неговото криминално семејство во Пенсилванија. Ширан прави сè за да ја добие довербата на Буфалино и наскоро станува лојален член на бандата чувајќи многу тајни додека паралелно работи за Џими Хофа – моќник врзан за организиран криминал…

Жанр: криминалистичка драма / IMDB оценка: 7.8 / Rotten tomatoes рејтинг: 95%.

Mare of Easttown – Серија на „HBO“

Мер Шихан е детектив во мал град во Пенсилванија истражува локално убиство, обидувајќи се да го зачува сопствениот живот. Истражување на темната страна на бликата заедница и автентичен обид да се објасни како семејството и минатите трагедии можат да ја дефинираат нашата сегашност.

Жанр: криминалистичка драма / IMDB оценка: 8.4 / Rotten tomatoes рејтинг: 92%.

An American Pickle – Филм на „Netflix“

Откако случајно паѓа во саламура за кисели краставички, еден православен евреин кој работел во фабриката по 100 години се буди во Њујорк. Кога ќе сфати колку време поминало, овој човек од минатото се соочува со модерното време и се впушта по потрага по својата фамилија. Наскоро сфаќа дека единствениот наследник на неговата лоза е неговиот правнук кој неверојатно личи на него…

Жанр: драма/комедија / IMDB оценка: 5.7 / Rotten tomatoes рејтинг: 72%.

Good Girls – Серија на „Netflix“

Кога сестрите Бет и Ени и нивната најдобра пријателка Руби ќе се заситат од играње според правилата, тие се здружуваат за да ја преземат контролата над своите животи – држејќи локална продавница за храна. Бет е совршена сопруга и мајка, со проблематичен сопруг. Руби е среќно омажена, но не може да си ги плати сметките и лековите за да ѝ помогне на нејзината ќерка. А Ени, е самохрана мајка, која води битка за старателство.. Во очајната потреба од пари, овие три жени се вовлекуваат во нешто сосема непланирано…

Жанр: криминалистичка драма/комедија / IMDB оценка: 7.8 / Rotten tomatoes рејтинг: 87%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот