Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Фото: Скриншот/Јутјуб/Нетфликс

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„1899“ – серија на Нетфликс

Сместена во 1899 година, на почетокот на новиот век, серијата следи група европски мигранти кои патуваат од Лондон на параброд по име „Керберос“ за да започнат нов живот во Њујорк.

Жанр: научна фантастика / „IMDB“ оценка: 7.8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 79%

„Stutz“ – филм на Нетфликс

Психијатарот Фил Штуц и актерот Џона Хил ги раскажуваат нивните животни приказни и зборуваат за менталното здравје, за нивниот пристап кон терапијата и односите лекар-пациент кои ги има Штуц.

Жанр: документарец / „IMDB“ оценка: 8.1 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 100%

„Edge of the Earth“ – серија на Ејџ-би-о

Документарна серија која ги следи авантуристите спортисти кои се обидуваат да остварат невидени потфати во зафрлени и често опасни дестинации низ светот. Секоја епизода прикажува различна група која ги поместува границите на човечките можности.

Жанр: документарец / „IMDB“ оценка: 7.3 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: /

„Two Lovers and a Bear“ – филм на Ејџ-би-о

Сместена во мало гратче во близина на Северниот Пол каде што патиштата водат до никаде, приказната ги следи Роман и Луси, две вљубени души кои се здружуваат за да направат скок за живот и внатрешен мир.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 6.1 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 84%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот