Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Фото: Скриншот/Јутјуб

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„Where the Tracks End“ – филм на Нетфликс

Во руралните средини на Мексико, наставничката Џорџина е решена да направи разлика во животите на младите, паметни ученици што ги образува во импровизирана училница во вагони.

Жанр: комедија/драма / „IMDB“ оценка: 7.2 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: /

„Fake Profile“ – филм на Нетфликс

Камила го запознава нејзиниот совршен маж преку апликација за запознавање. Но, по идиличната романса, таа дознава дека била измамена…

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: /

„Joyride“ – филм на Ејџ-би-о

Проблематичен адолесцент случајно завршува на диво патешествие со една скршена мајка и нејзиното бебе.

Жанр: комедија/драма / „IMDB“ оценка: 6.1 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 68%

„Industry“ – серија на Ејџ-би-о

Серијата ни го прикажува светот на меѓународните финансии. Серијата следи една група од амбициозни млади дипломци што се натпреваруваат за позиции во една врвна инвестициска банка во Лондон.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 7.2 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 86%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот