Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Фото: Скриншот/Јутјуб

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„Lady Chatterley’s Lover“ – филм на Нетфликс

Кони, која е родена во богатство и привилегија, завршува во брак со човек кој не го сака. Кога ќе го запознае Оливер, ловочуварот на имотот, нивната тајна афера ја однесе до сексуално будење. Таа ќе мора да донесе одлука: да го следи нејзиното срце или да се врати кај нејзиниот сопруг и да го издржи она што општеството го очекува од неа.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 6.6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 65%

„Queen Charlotte: A Bridgerton Story“ – серија на Нетфликс

Бракот на младата кралица со англискиот крал Џорџ III е епска љубовна приказна, која го трансформира високото општество.

Жанр: историска драма / „IMDB“ оценка: 7 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 94%

Marie Antoinette – филм на Ејџ-би-о

Возбудливо прераскажување на турбулентниот живот на Марија Антоанета, наивна австриска принцеза која се мажи со Луј XVI на 14 г., и е неподготвена за политичките проблеми со тоа што ќе биде кралица во текот на Француската револуција.

Жанр: историска драма / „IMDB“ оценка: 6.5 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 57%

„The Great“ – серија на Ејџ-би-о

Сатиричната и комична драма го следи подемот на Катерина Велика од аутсајдер до најдолго владејачки женски владетел во руската историја, како и нејзината експлозивна врска со сопругот Петар, царот на Русија.

Жанр: историска драма / „IMDB“ оценка: 8.2 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 96%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот