Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Фото: Скриншот/Јутјуб

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„The Half of It“ – филм на Нетфликс

Школскиот фраер Пол ја замолува срамежливата Ели да му напише љубовно писмо за девојката која му се допаѓа – Естер. Иако првично одбива, Ели ја прифаќа понудата и, пишувајќи ги писмата за Естер, почнува да развива чувства за неа.

Жанр: романса / „IMDB“ оценка: 6.9 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 97%

„Never Have I Ever“ – серија на Нетфликс

По трауматична година, индиско-американска тинејџерка сака да го подобри својот статус на училиште. Но, пријателите, семејството и чувствата не ѝ помагаат во тоа…

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 7.8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 93%

„Women Is Losers“ – филм на Ејџ-би-о

Бремената латино тинејџерка Селина одлучува да го задржи бебето откако пријателката ѝ умрела за време на абортус. Додека Селина се соочува со пречките да биде млада самохрана црномуреста мајка во 1960-тите во Сан Франциско, таа наоѓа сојузници и ментори.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 5.8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 72%

„Cómo mandarlo todo a la mierda“ – серија на Ејџ-би-о

Откако е откажана училишната екскурзија, Алба открива дека дел од нејзините соученици планираат да отпатуваат без знаење на нивните родители, па се обидува да добие место во комбито.

Жанр: комедија/драма / „IMDB“ оценка: 5.7 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: /

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот